Навреди, лаги, закани: Сите фрази кои ќе ги слушнете од еден манипулатор во врската

Нарциси. Социопати. Психопати. Тие се негативни и лоши луѓе кои не сакаат да бидат сами. Нецелосни се ако немаат некој со кого можат да манипулираат. Ќе ви кажат било што за да ве убедат дека сте неразумни, односно да се задржат во вашиот живот по секоја цена.

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-1.jpg

Доколку личноста со која сте блиски ги користи овие реченици, особено пред други луѓе – за да ве понижи - разговарајте со некој во кого имате доверба, па заедно смислете стратегија како да побегнете од таквиот однос.

А, фразите што ќе ги слушнете од еден манипулатор во врската се следните:

„Единствена причина поради која некој би бил со тебе е секс.“

„Тоа не е така страшно.“

„Се однесуваш лудо.“

„Ти не сакаш да сум среќен.“

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-2.jpg

„Доколку си заминеш, ќе им кажам на луѓето дека...“

„Ако ме оставиш, ти ќе бидеш виновна за тоа што ќе си го направам.“

„Никој друг нема да те сака.“

„Збеснуваш за глупости!“

„На другите не им се допаѓаш. Биди среќна што ме имаш.“

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-3.jpg

 „Се однесуваш детинесто.“

„До тебе е. Никој друг не мисли дека тоа е толку голема работа.“

„Никој друг не би ги поднесувал твоите глупости.“

„Жал ми е, ама...“

„Ти си крива што сум лут.“

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-4.jpg

„Би била попривлечна кога би...“

„Зар не ме сакаш?“

„Не знам зошто правиш вака. Бившата не правеше така.”

„Од мравка правиш слон.“

„Да ти е гајле за мене, ти не би...“

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-5.jpg

„Нејќеш ли да ме направиш среќен?“

„Би требало да знаеш подобро, а не постојано да ме лутиш.“

„Не знам зошто те трпам!?“

„Да си нормална девојка, ти би го направила тоа за мене.“

„Веројатно си глупава!“

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-6.jpg

„Ти не сфаќаш колку си среќна што сум со тебе.“

„Никој не би те издржувал како јас.“

„Го правам ова за твое добро.“

„Преслаба си ти за да бидеш сама.“

„На ниту еден друг маж не би му се допаднала бидејќи...“

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-7.jpg

„Дај, престани да цимолиш!“

„Пет пари не вредиш. Не можам да верувам дека сум со тебе.“

„Секогаш си никаква и очајна, зошто би бил среќен?“

„Заслужувам девојка што подобро ќе се однесува кон мене.“

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-8.jpg

„Ништо не знаеш да направиш како што треба.“

„Патетична си.“

Немајте разбирање за овие изјави, ниту да го оправдувате дечкото / партнерот / сопругот што ви ги кажува.

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-9.jpg

Иако вербален - тој сепак е силеџија - што не значи дека (не) може подоцна да ескалира и во друг вид на насилство.

А, која и да е личноста што ве понижува, не е вредна за вашето внимание и енергија, колку и да мислите дека ја сакате.

navredi-lagi-zakani-site-frazi-koi-kje-gi-slushnete-od-eden-manipulator-vo-vrskata-10.jpg

Ако ги изговара ваквите реченици, не ве сака вистински, па не му верувајте ни збор повеќе, кога ќе почне да ве убедува во спротивното.

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg