Мразам геометрија! Мразам љубовни триаголници!

Објасни ми го овој немир и ова треперење на мојата душа. Помогни ми да ги сфатам овие измешани мисли и ова лудило кое едноставно не сака да престане.

mrazam geometrija 01

Дај ми ја твојата рака и извлечи ме од хаосот, спаси ме, за да бидам повторно нормален, за да престане оваа агонија која ме прогонува. За да научам да бидам само твој.

Ти многу добро знаеш дека јас отсекогаш бев оној кој решава проблеми, најчесто равенки, милион броеви поминаа низ моите раце, но знаеш и ти самата, мразев геометрија. Не можев да објаснам зошто, но мразев да се изгубам во n-димензионалните светови на математичарите. Во сите тие геометриски форми и тие исповрзани точки со отсечки, полуотсечки и по некоја залутана права. Мразев!

Никогаш не помислив дека животот ќе се потсмева и поигрува со мене, она што го мразев дека ќе стане моја реалност, а најголемиот виновник ќе бидам јас самиот. Наместо да одбегнувам, јас бев креаторот на тие геометриски форми, триаголници, љубовни триаголници.

Од едната страна ти, која не сакам да те повредам, од другата страна таа, која ми ја поместува оската, која ме тера да заборавам, да ги погазам моите правила, на раб да прескокнам преку моите морални вредности, таа која ме оживува, таа... која не е ти.

Но, таа испреплетеност не завршува тука и таа е точка од друг триаголник, со една отсечка пуштена кон мене, а другата кон оној нејзиниот, за кој вели дека не ја чувствува. Оној кој ја тера да плаче наместо да се смее, кој не знаел да ја разбуди жената во неа, а сепак таа не може да го напушти, ни сама не знае зошто.

Како се најдов во некоја полу-Шекспирова драма на невозвратени љубови и копнежи, и тоа некако низ годините сè почесто?

Што да правам со овие симетрии, дали има излез од оваа геометриска игра, како да се справам со овие два триаголници кои имаат заедничка точка, зошто воопшто постојат?

Емоциите ме вртат во круг, без разлика што сè е сведено на емоции без физички допир и обид за грев, тоа е повредување, кон двете точки на мојот триаголник. Морам да ја скршам таа геометрија, да се изгуби, да не постои, не знам што ќе остане поврзано после тоа, но мора да престане. Овој хаос во главата кој ме прогонува цел живот, мора да престане.

Но тогаш одново, ќе пушти импулс, бесрамно ќе ме погледне, ќе се насмевне. Пробувам да го пригушам секое чувство кое тежнее да го предизвика, но безуспешно. Ја гледам таа линија како од нејзината точка доаѓа кон мене, знам дека ќе ме погоди, ќе нè поврзе макар за момент и сум немоќен. Повторно ќе ме врати на мојата емоционална кружница и ќе ја обои внатрешноста во некои чудни бои.

Зошто се случуваше тоа во мојата глава, како воопшто ѝ успеваше?

Баш кога ќе помислев дека завршило, дека таа конекција не постои, дека сум ја изминал кружницата и сум се вратил во мојата стабилна зона, ќе започнеше одново, а јас морав да живеам со тој микс на емоции во моето тело. На раб бев да полудам, секојдневно, незнаејќи што е правилно. Знаејќи дека се коцкам со сè што поседувам.

Многу долго се држев на тие отсечки, што пуштија длабоки корени во мене. Двата триаголници лежеа на различни рамнини, а јас требаше да одберам да бидам точка, самостојна, без никакви конекции во сосема нова рамнина. Да ги средам мислите, да научам дека е време да се поврзам со друга точка на мало растојание и да не дозволам постоење на нова геометриска форма. Да не ме прогонуваат триаголници. Да знам дека тоа е она, „засекогаш”.

Стравот од непознатата рамнина и губењето во тој простор, сам со себе, постои, можеби затоа сеуште се држам до овие отсечки, до ваквата недозволена поврзаност, во мојата игра на геометријата, сè уште ги чувствувам раните во моето срце и сè уште се надевам... дека после ова сè ќе престане.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg