Докази дека тој навистина ве сака, иако не го кажува тоа
За да бидете сигурни дека вашиот партнер ве сака, не мора да значи дека тој мора да го каже тоа.
Без разлика дали тој никогаш не го кажал тоа, или сте долго заедно, па не го кажува често, постојат начини на кои можете да го откриете тоа и без тој да го изговори.
Ова е тема на која многупати сте разговарале и читале, но очигледно никогаш не е доста од докази за љубовта.
Затоа издвоивме неколку ситници кои доколку ги забележувате кај партнерот, ви ја гарантираат неговата љубов кон вас:
1. Ви посакува среќа пред состанок на работа/интервју/тежок ден.
Свесен е за вашите проблеми, грижи и стресот кој во одредени периоди го имате и сака да ве поддржи кога тоа ви е наjпотребно.
2. Ако не ви се допаѓа храната или пијалакот што сте ги нарачале, се менувате.
3. Кога морате да работите до доцна, сака да биде со вас.
Не му е важно дали ќе го игнорирате заради вашите работни обврски, важно му е само да биде со вас.
4. Важно му е како се чувствувате.
Ви покажува дека му значите и постојано се труди да ви удоволи и да направи да се чувствувате пријатно додека сте заедно.
5. Не му е проблем да ве испрати до дома после излегување навечер.
Можеби не ви е проблем да си одите сами, но тој се грижи за вас и сака да биде сигурен дека безбедно сте стигнале дома.
6. Покажува интерес за сѐ што ви се случило во текот на денот.
Можеби не секогаш го интересира што колешката му кажала на шефот, или каков проблем се случил, но тој е секогаш тука да ве сослуша доколку вие сакате да разговарате со некого.
7. Тој прави ручек или ги мие садовите ако знае дека сте имале лош и тежок ден.
8. Иако е поспан, утрото максимално го користи за разменување нежности со вас.
9. Гледа со вас тажни и романтични филмови за да ве усреќи.
А, да бидеме реални, сепак можеби и знае дека баш и нема некој друг избор доколку не сте љубител на секакви жанрови.
10. Знае што ви е омилено јадење, грицки и десерт и секогаш знае да ве изненади.
М. М. | Црнобело