9 невистини за жените во кои мажите сè уште упорно веруваат
Во сложениот свет на машко-женските односи сè уште се бориме со одредени стереотипи кои не можеме да ги надминеме. Мажите се вакви, жените се онакви… ваквите изјави и тврдења често пати доведуваат до гласни дискусии и кавги на крајот.
Можеби сепак е време да се ослободиме од некои од нив, особено затоа што немаат никаква врска со реалноста, бидејќи се засновани на книги и филмови и ништо повеќе.
Кои се најчестите митови во кои мажите веруваат кога се работи за жените?
Сите жени го чекаат принцот на бел коњ
„Ама од многу чекање да не го дочекаш само коњот, хех“. Мора да сте ја слушнале оваа реченица барем еднаш во животот.
Вистината е дека веруваме во принцот на бел коњ колку и во Дедо Мраз. Никој не верува во овој мит, бидејќи како што не постојат принцези, нема ниту принцови во реалноста.
Жените се вљубуваат во сосема нормални несовршени луѓе, впрочем онакви какви што сме сите.
Сите жени сакаат само пари
Ова е еден од најчестите изговори да ја оправдате вашата несигурност, однесувањето кон спротивниот пол и неуспехот во љубовните врски. Има „спонзорџики“ – да, и се познаваат од километар.
Жените не ги интересираат само парите како што сте си увртеле во главата. Воедно, според ова мислење излегува дека ниту една жена на светов нема пари, па упорно бара маж за да дојде до нив. Еве една новост – некои жени имаат и многу повеќе пари од мажите.
Секоја жена сонува за луксузна свадба
Освен ако родителите не ја принудуваат од дома, ниту една жена на денешницава не сака повеќе од 100 гости на сопствената свадба. Никој не ужива во хаосот и подготовките и спротивно на вашите уверувања, не секоја жена има кутија под креветот со споменар како треба да изгледа нејзината свадба од соништата.
Многу жени ги мразат свадбите како церемонии, а на уште повеќе тој потпис во матично не им значи ништо.
Жените не разбираат што сакаат мажите
Особено дека немаме идеја кое е вашето омилено хоби. Секако дека имаме идеја – фудбал, пиво, машко друштво, добра храна, дремење, спиење, вежбање, игри на компјутер… списокот е бесконечен како и нашиот.
Нормално дека знаеме. Тоа што сакаме да ви муабетиме во текот на фудбалскиот натпревар си е наш мал каприц.
Сите жени сакаат да флертуваат
Напротив, не сите уживаат во играта наречена флерт со мажите. Не секоја жена е храбра да го преземе првиот чекор, а некои уживаат друг да им пријде, отколку тие да пријдат први.
Не секоја жена е скроена да се „фрцка“ и не секое оближување на усните е флерт. Не секоја жена сака и умее да флертува. Точка.
Секоја жена е „пукната“ за романтика
Многу од жените навистина сакаат романтични гестови излезени како од некој филм, но ќе се изненадите колку голем дел се алергични на сите тие плишни мечиња и срциња, љубовни пораки, љубовни сложувалки со вашата фотографија.
Некои жени се практични и сакаат едноставни подароци и гестови без многу помпа.
Сите жени сакаме лоши момци
Да, ако сте во средно, имате 16 години и штотуку сте го изгледале „3 метри над небото“, можно е да сакате лоши момци.
Во спротивно, жените преферираат стабилни, воспитани, добри, исклучително забавни, фини момци.
Секоја жена сонува побрзо да стане мајка
Па дефинитивно не секоја. Некои жени немаат воопшто мајчински инстинкт, некои не сакаат деца. Некои навистина не сакаат да станат мајки пред 30-тата година во животот. Не е во ред да се претпоставува нешто за некого со етикетата „сите“ или „секоја“ пред нејзиниот род.
Жената не може да заврши ништо без мажот
Постојат работи кои совршено може да ги направиме сами без ничија помош и работи за кон неминовно ни треба помош од мажите. Впрочем, слично како и вие, бидејќи е двонасочна улица.
Вистината е дека сме си потребни едни на други и не можеме едни без други.
(О)Милена | Црнобело