5 заблуди за жените во кои мажите не треба да веруваат повеќе

Во одредена фаза од животот, на повеќето мажи им биле предочени овие „факти“ за припадничките на понежниот пол. Многумина и понатаму слепо веруваат во нив. Сепак, тие се далеку од вистината.

5-zabludi-za-zhenite-vo-koi-mazhite-ne-treba-da-veruvaat-povekje-001.jpg

Петте заблуди за жените во кои мажите не треба да веруваат повеќе се:

1. Жените се поприлично незаинтересирани за сексот.

Во споредба со мажите, жените баш и не се некои страсни љубителки на активностите во кревет, зар не? Неточно. Секако, постојат и такви кои се незаинтересирани, или, пак, кои само вешто глумат дека ги боли главата, но мнозинството жени навистина уживаат во сексот.

5-zabludi-za-zhenite-vo-koi-mazhite-ne-treba-da-veruvaat-povekje-2.jpg

2. Кога велат „ништо не ми е“, всушност лажат.

Со други зборови, ним секогаш им е нешто. А, фразата „ништо не ми е“, пак, спротивно на кажаното - позната е како знак дека жената е лута од некоја причина, но не сака да открие поради што. Сепак, вистината е сосема поинаква. Повеќето жени велат дека не им ништо, тогаш кога навистина не им е – ништо.

5-zabludi-za-zhenite-vo-koi-mazhite-ne-treba-da-veruvaat-povekje-3.png

3. Жените изневеруваат многу поретко од мажите.

Без да навлегуваме во мотивите за прељубата, непобитна вистина е дека и припадничките на понежниот пол, исто така често ги изневеруваат своите партнери. Но, тоа го прават малку попаметно од мажите.

5-zabludi-za-zhenite-vo-koi-mazhite-ne-treba-da-veruvaat-povekje-5.jpg

4. Потребен им е маж за да се чувствуваат сигурно.

Вистина е дека жената се чувствува сигурно кога има маж покрај себе. Но, вистина е и дека мноштво жени се чувствуваат сигурно и кога се сами. Не е до мажот, до жената е.

5-zabludi-za-zhenite-vo-koi-mazhite-ne-treba-da-veruvaat-povekje-4.jpg

5. Жените се мразат една со друга.

Секогаш ќе постојат жени кои војуваат со други жени на сите можни фронтови. Меѓутоа, мнозинството од нив не се заколнати непријателки со припадничките на истиот пол. Напротив, нормалните жени се поддржуваат една со друга.

5-zabludi-za-zhenite-vo-koi-mazhite-ne-treba-da-veruvaat-povekje-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg