Зошто довербата НЕ е најважното нешто во врската?

 Прашајте било кого за тоа што е најважното нешто во врската и речиси секогаш ќе го добиете истиот одговор: Доверба. “Без доверба ништо не правите” ќе ти каже кој било, ако поминуваш низ 9 кругови на пеколот поради љубомора.

zosto doverbata vo ljubovta e precenata 1

Постојат еден тип на луѓе што ја ставаат довербата над сè во врската. Нивното мото е “Му верувам на партнерот дека никогаш нема да ме изневери” како да имаат контрола врз целиот универзум и случувањата во него. Тие се слепи оптимисти и комплетно веруваат во партнерот и неговите чувства додека во исто време остануваат целосно ранливи ако “нештото” во кое толку многу веруваат, сепак се случи.

Постои еден друг тип на луѓе што се цело време анксиозни и воопшто немаат доверба во никого. Нивната животна филозофија е “Константно се грижам дека партнерот ќе ме изневери”. Тие се преплашени од изневерување и нивниот страв всушност произлегува од нивната очајна потреба за контрола.

Првиот тип на луѓе се од оние кои сакаат да веруваат дека тие се над се, дека тие имаат контрола врз иднината и другите луѓе. Тие се уверени дека ако веруваат дека сè ќе биде во ред, тогаш навистина сè ќе биде во ред.

Не верувам во тоа дека довербата е најважното нешто во врската. Најважното нешто во врската е да разберете и да сте во ред со тоа дека немате целосна контрола врз животот на вашиот партнер, врз неговите/нејзините потреби и желби, единствено имате контрола врз вашата реакција ако не сте задоволни од неговото/нејзиното однесување.

Јас верувам. Но, не ја ставам целосно мојата емотивна состојба во рацете на друг човек или во нешто што е комплетно надвор од моја контрола. Ако неверството се случи, јас нема да бидам уништен/а.

Верувам дека нема да ме изневери, како што верувам дека утре нема да врне, или како што верувам дека овојпат ќе го погодам рецептот за јадење. Верувам, но ако не се случи тоа што очекувам да се случи, нема да бидам уништен/а, затоа што мојата емотивна состојба, мојот мир и тоа кој/а сум јас како личност не зависи од надворешни влијанија.

Прифаќам дека немам контрола врз ситуацијата. Умеам да ја погледнам ситуацијата во “лице” и да и кажам дека припаѓа на универзумот и дека јас не умеам да ја направам по моја желба како што мене ми одговара и дека тоа е во ред.

Тоа не е претпоставка дека мојот партнер ќе ме изневери, сепак можам да верувам дека нема да ме изневери, но го почитувам фактот дека тие се своја личност и не ги мешам моите емоции и потреба за контрола со тоа што тие сакаат и одлучуваат да прават во нивниот живот. Јас сум искрен/а со самиот/та себе и најважно од се сум релаксиран/а. Тоа е комплетно спротивно од тоа да бидам слеп оптимист или во состојба на негирање на вистината.

Ако сте константо загрижени дека вашиот партнер може да ве изневери, тогаш вие се лажете и се изневерувате самите себеси. Го ставате вашиот партнер над вас и вашата благосостојба, пробувате сè повеќе да го контролирате, и му давате важност дека е способен/на со само еден погрешен чекор да ве уништи.

Здраво размислување е да сте способни да го погледнете партнерот во очи и да му кажете: ”Знам кој/а си реално и те прифаќам за тоа што си, не за тоа што очекувам јас да бидеш според моите желби.”

Одлучувам да бидам со тебе, да инвестирам во оваа врска, но ти не си одговорен/на за мојата благосостојба. Мојата благосостојба зависи само од мене и јас сум единствениот/та што може да ја контролира.

Ти донесуваш твои одлуки за твојот живот, а јас сум единствено одговорен/на за мојот одговор и мојата реакција. Не можам и не сакам да те контролирам, и да го презимам теретот дека под моја контрола е дали ти ќе се одлучиш на неверство или не.

И тоа е доволно за да успее една љубов...

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg