Зошто жените простуваат неверство?
Жените често знаат да кажат дека ако нивниот партнер ги изневери, веднаш би го оставиле без размислување.
Сепак, кога за жал ќе дојде до тоа, не секогаш се исполнува нивното ветување и простуваат неверство.
Тоа во денешно време веќе не е реткост ниту пак нешто чудно, но тоа не значи дека овој проблем не ги мачи жените.
„Која е таа? Зошто баш таа? Што згрешив јас? Колку пати се случило? Зошто го направи тоа?“ – се само дел од прашањата кои постојано им се вртат низ глава на изневерените жени.
Многу често се случува мажите да не изневеруваат заради жената, туку заради себе.
Изневерувањето е личен избор за чиј ризик и последици мажот е свесен.
Но, зошто жените преминуваат преку сето ова ако тоа ги мачи и не им излегува од глава?
Ова се дел од причините заради кои жените остануваат со мажот кој ги изневерил:
1. Љубов
2. Финансиски причини
3. Неподготвеност да се откаже од одреден начин на живот
4. Недостиг на докази за изневерување
5. Деца
6. Страв од промени
7. Ниска самодоверба
8. Верување дека партнерот ќе се промени
9. Страв од самотија
10. Религиски причини
Без разлика каква одлука ќе донесе жената, таа не треба да се правда никому, освен да им ја објасни ситуацијата на своите деца и најблиски членови на семејството.
М. М. | Црнобело