Лажно претставување и глума: Како изгледа „модерната“ љубов во денешно време?

Во минатото, немало простор за разубавени или „фејк“ профилни слики и лажни животни стилови. Денеска, пак, тие се сосема нормална појава во светот на љубовните односи.

lazhno-pretstavuvanje-i-gluma-kako-izgleda-modernata-ljubov-vo-deneshno-vreme-1.jpg

Кога се врските во прашање, мнозинството луѓе се согласни дека „некогаш“ се било далеку поедноставно.

А, пред какви сѐ предизвици се исправени современите двојки?

lazhno-pretstavuvanje-i-gluma-kako-izgleda-modernata-ljubov-vo-deneshno-vreme-2.jpg

Четирите проблеми, со кои новите генерации секојдневно се соочуваат во љубовната сфера, а кои нивните родители ги немале порано, претставуваат најдобар доказ дека во минатото навистина им било полесно:

1. Правилото „не смееш да се јавиш прв“

Денес претерано се теоретизира за тоа кој треба да го направи првиот чекор, што ќе мисли другиот и дали некој ќе делува премногу или премалку заинтересирано.

Порано, помалку се теоретизирало, а повеќе се дејствувало.

lazhno-pretstavuvanje-i-gluma-kako-izgleda-modernata-ljubov-vo-deneshno-vreme-3.jpg

2. Создавање впечаток преку социјалните мрежи

Во минатото, првиот впечаток бил прв впечаток. Денес, пак, првиот впечаток се остварува на социјалните мрежи.

А, дури и тогаш кога првин ќе ја запознаеме особата во живо, сепак, се обидуваме самите да ја „истражиме“ на социјалните мрежи, обидувајќи се да дознаеме за каква личност „навистина“ се работи.

lazhno-pretstavuvanje-i-gluma-kako-izgleda-modernata-ljubov-vo-deneshno-vreme-4.jpg

3. Лажно претставување

Разубавените или „фејк“ профилни слики, односно лажните животни стилови, денеска се сосема номална појава во љубовната сфера и онлајн флертувањето.

Нашите родители имале помалку компликации по тоа прашање – што гледале, тоа и добивале.

lazhno-pretstavuvanje-i-gluma-kako-izgleda-modernata-ljubov-vo-deneshno-vreme-5.jpg

4. Натпреварување околу тоа кој ќе биде посреќен после раскинувањето

Социјалните мрежи наметнуваат и многу поразлично однесување по прекинот на врската.

Новите генерации се натпреваруваат околу тоа кој ќе „победи“ после раскинувањето во виртуелниот свет, а со што нашите родители едноставно не можеле да се замараат.

lazhno-pretstavuvanje-i-gluma-kako-izgleda-modernata-ljubov-vo-deneshno-vreme-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg