6 знаци дека подобро е да останете пријатели
На сите ни се случува да се впуштиме во врска со некој што ни се допаѓа, ама не сме нешто многу воодушевени, но сепак сакаме да му дадеме шанса.
Сé е супер, ама има нешто што постојано нé тера да не сме 100% посветени на врската. Постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека во вакви случаи, подобро е да останете пријатели.
Прочитајте во продолжение:
Заедно сте, ама ве интересира друга личност
Сите парови поминуваат низ фаза во која не се целосно посветени еден на друг, туку малку „шараат“ и се загледуваат во некој друг. Ако ова често ви се случува, време е да се разделите на љубовен план.
Сексот не е којзнае што
Да, убаво ви е, сé е како што треба, но сепак не се чувствувате сосема обземени и исполнети додека водите љубов. Можеби е само период, но запрашајте дали сакате да продолжите и да работите на тоа, или време е за нешто ново.
Пред да започнете врска сте биле пријатели
Има многу парови кои пред да се впуштат во романтична врска биле пријатели. За некои тоа е добра основа, но за многумина не е баш така. Ако претходно подобро сте функционирале, можеби е време да се вратите на старото пријателство.
Донесувате важни животни одлуки
Постојат периоди во животот кога сме на праг дали нешто да направиме или не. Можеби размислувате да прифатите работа во друг град или да запишете магистерски во странство. На оваа одлука не смее да ви влијае ништо друго, а особено не партнерот за кој и онака не сте сигурни дали сакате да продолжите или не.
Не сакате врска
Сте дале шанса некому, поминало одредено време, но сé повеќе сфаќате дека не сакате врска. Тоа е нормално и ако навистина чувствувате дека сакате да бидете сами, без обврски и одговорности кон друг, бидете искрени и договорете се што понатаму.
М. В. | Црнобело