Искрени одговори во само една реченица: Зошто раскинавме?
Секое раскинување на љубовна врска боли. Без разлика дали било обострано, дали било пријателски или сте се разделиле поради глупави причини, ретко кому му е сеедно на крај.
После раскинувањето, следат прашања и непотребни драми околу тоа што се случило и кој што направил или рекол. Често пати, нема потреба од комплицирање на работите – раскинавте и тоа е тоа.
Еве како неколку момци и девојки искрено одговорија на прашањето „Зошто раскинавте?“ во само една реченица:
„Јас го сакав него, а тој ја сакаше бившата“.
„Бевме премногу млади“.
„Имаше жена и деца“.
„Сакаше да даде отказ и да стане професионален боксер“.
„Не ми се допаѓаше многу, ама бев со неа“.
„Имаше онлајн врска со девојка од друг град“.
„Не беше сигурна дали сум за неа“.
„Бевме многу незрели за да бидеме во врска, па станавме најлошата верзија на себе“.
„Не сфаќав дека станав насилен“.
„Бев премногу емотивна“.
„Алкохол“.
„Врската повеќе ни личеше на врска меѓу психолог и пациент, отколку двајца заљубени“.
„Бев опседнат со неа“.
„Сакаше да живее во целибат“.
„Го снемуваше по неколку недели, не се јавуваше и не враќаше на пораки и на крај кога се јави не сфатив точно што ми кажа дека не било во ред“.
М. В. | Црнобело