5 работи што девојките ги кажуваат, а ниеден дечко не сака да ги слушне
Мажите се прилично едноставни битија, но сеедно постојат нешта кои може да ги исфрлат од такт, а жените не се воздржуваат од нивното „нафрлање“ во врската.
Колку и да ви делуваат опуштени и ноншалантни, постојат фрази кои не е паметно да ги кажувате пред припадниците на посилниот пол, особено доколку тоа е партнерот со кого градите љубовен однос.
А, петте работи кои со сигурност ниту еден маж не сака да ги слушне се:
1. Бившиот го правеше истото.
Ниту за време на секс, ниту во било која друга ситуација. Никогаш! Него не го интересира поранешниот партнер на девојката со која е во врска, а не сака ни да се споредува со него.
2. Ана е трудна...немој никому да кажеш!
Чувањето на тајните на партнерката некако и може да го поднесе. Но, чувањето на тајните на нејзините пријателки навистина не му е во описот на задолженијата.
3. Кога ќе се венчаме...
Наметнувањето на иднината, бракот и децата, како тема на разговор, никогаш не е паметен потег, oсобено на почетокот од врската.
4. Згодна ти е?
Прашање на кое едноставно нема добар одговор. Ако каже „да“, партнерката ќе се налути, а доколку каже „не“, тогаш ќе го обвини дека лаже.
5. Ништо не ми е.
Жената која вели дека не ѝ е ништо – лаже, а секој маж што барем една ја слушнал оваа реченица, знае дека се подготвува кавга.
М. А. | Црнобело