Како се чувствувам поради тоа што мојата партнерка заработува повеќе од мене?

Сė почесто се случува жените да заработуваат повеќе од мажите.

mazi-odgovaraat-kako-se-chuvstvuvam-poradi-toa-shto-mojata-partnerka-zarabotuva-povekje-od-mene-01

Но кога дома жената ќе донесе повеќе пари од својот партнер тоа знае да ги предизвика социјалните норми и да направи тој да се чувствува непријатно, иако не е секогаш така.

Неколку мажи, чии партнерки заработуваат повеќе од нив, проговорија на темата:

„Мојата сопруга заработува многу повеќе од мене и тоа е во ред. Двајцата сме адвокати, но таа работи на поле кое е многу попродуктивно. Таа не ми го префрла тоа, ниту го користи како начин да ја повреди мојата машкост, па така не ни претставува проблем. Јас сепак заработувам доволно за да се издржувам, па не е како да живеам на нејзин грб.“

„Нема да лажам постојат мигови кога ми пречи што мојата свршеница прави повеќе пари од мене. Знам дека не треба да се чувствувам така, но не можам да си помогнам. Доаѓам од патријахално семејство каде мажот секогаш беше тој што го носеше лебот. Знам дека е старовремски, но постојано мислам на тоа дека јас заработувам помалку. Но да појаснам, не ја презирам, таа е прекрасна во тоа што го работи и заслужува да заработува многу повеќе. Најмногу ме иритира што знам дека со неа работат мажи, кои за истите работни обврски земаат поголема плата. Тоа ме нервира.“

„Мојата сопруга и јас понекогаш се шегуваме околу фактот дека таа заработува повеќе од мене и дека јас немам желба да го променам тоа. Таа е понесена од својата кариера, а јас работам само затоа што треба. Дури разговаравме кога ќе имаме деца јас да седам дома и да ги чувам.“

„Не само што мојата сопруга заработува повеќе од мене, туку е и на повисока функција во истата компанија во која работиме. Единствено кога ми пречи е кога колегите се шегуваат на моја сметка за тоа. Не ми е проблем толку што заработувам помалку од неа, колку што ми е проблем кога другите луѓе ќе дознаат за тоа. За мене финансиите се приватна работа, а кога работите во иста фирма и таа е на повисока позиција, луѓето знаат дека заработува повеќе.“

„Јас сум најголемиот фан на мојата жена. Знам дека е одлична во тоа што го работи и дека заслужува да заработува толку многу. Ние имаме различни професии и нејзината е со многу повеќе стрес од мојата. Не се грижам за полот. Ако работиш многу и си добар во својата работа, заслужуваш соодветна награда.“

„Мојата сопруга е докторка и заработува многу повеќе од мене. Тоа не ми е проблем, сė додека не дојде време за големи финансиски одлуки. Таа вели дека сме еднакви, но јас чувствувам дека морам да ги задоволам нејзините желби затоа што таа носи многу повеќе пари во домот. Знае да ме вознемири тоа некогаш, но јас не завршив медицина и тоа е тоа.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg