Драги поранешни дечковци, на здравје за сите вас!

Сите вие сте неоткинлив дел од мене, како мали парченца од сложувалка кои составуваат мозаик. Неретко бил скршен, изгребан и со лузни, но вие сте причината поради која сум онаа каква што сум денес.

Dragi-poranesni-deckovci-na-zdravje-za-site-vas-01.jpg

Сакам да мислам дека никогаш не сакавте да ме повредите, барем не намерно. Сакам да живеам со мислата дека сте добри луѓе и покрај лошите работи кои сте ми ги направиле.

И сакам да знаете дека ви простувам. И воедно барам да ми простите доколку сметате дека некогаш сум била причината за вашата тага или несреќа.

Чувствувам некоја чудна радост кога ве гледам среќни со некого покрај вас. Па во тоа е убавината на животот, а тој е премногу краток за да го поминеме во грч и исполнети со горчина.

Драги поранешни дечковци, ви посакувам сé најдобро и од срце го мислам тоа.

Жал ми е што не можев да бидам онаа идеална половина која ја замислувавте и посакувавте покрај вас. Жал ми е што не успеавте да ме измоделирате според вашите желби, но исто така ми е премногу жал што сум се обидела да ве променам на некој начин.

Многу доцна сфаќаш дека не можеш да смениш некого, освен ако тој самиот не почувствува желба и потреба за промена. Промената треба да потекнува одвнатре и одлуката да се носи самостојно, а не заради нечии туѓи желби или притисоци.

Мило ми е доколку сте пронашле некој кој ве сака онакви какви што сте, или уште подобро – сте промениле дел од вашите негативни особини поради самите вас и вашата лична волја.

Ти, кој немаше никаква амбиција за иднината, ниту пак можеше да задржиш работа подолго од 2 недели – ти благодарам. Ти благодарам од срце што ми помогна да увидам дека не сакам да го поминам животот со таков човек. Ти благодарам што не се преправаше, полошо ќе беше да глумеше и да беше безочен лажго. Вака барем знаевме точно на што сме.

Ти, кој крена раце при првата пречка на патот и заплака како мало дете на нешто кое можевме да го решиме без поголеми тешкотии. Ти благодарам што си го покажа вистинското лице. Љубовта подразбира во добро и зло, поделба на среќата и несреќата. Што би се случило доколку цело време се наслонуваме само на едната личност? Карпа да е, ќе пукне.

Конечно, ти кој ми го скрши срцето. Ти простувам што не ме сакаше онака силно како што те љубев јас. Ти благодарам што јасно ми даде до знаење дека немаш капацитет да ме сакаш со некој килограм повеќе, без доволно шминка или алиштата кои сакав да ги облекувам.

Жал ми е. Жал ми е што моите несигурности се провлекуваа толку долго низ мене и ме претворија за момент во личност каква што не бев и не сум, само затоа што сметав дека тоа е единствениот начин да те задржам.

Жал ми е што истите несигурности ме натераа да лажам, да те лажам тебе – дека сум нешто што не сум и да се лажам себе поради истата причина. Сега знам повеќе и подобро. Сега знам дека да се љуби некого не се пеперутки во стомакот. Го чувствуваш толку силно и длабоко, во коскената срцевина, во срцебиењето и крвотокот.

Да се љуби значи да можеш да се потпреш на некого, но истовремено и тој да се потпира на тебе. Заедно нема да паднете никогаш,туку ќе стоите исправени и силни.

Да се љуби значи да се сака некого целосно и посветено. Дури и со вишок или минус килорами, дури и кога е ненашминкан, недотеран или болен. Ако е љубов, тогаш блеска и свети со полн сјај. Ако е лага тогаш мувлосува и скапува.

Да сакаш значи да немаш страв. Да ги распостелиш тајните без страв дека некој ќе гази по нив или ќе ги употребува против тебе. Значи да имаш доверба. Лојален партнер со кого ќе градите заеднички поубав свет од оној кој ве дочекал при раѓањето.

Сите заслужуваме среќа. Целосно, безусловно, бескомпромисно парче среќа. И време е да тргнете по вашето парче од колачот.

Сите имаме љубовни грешки и неуспеси кои нé прогонуваат од минатото. И време е да си простиме и да им простиме. Јас знам дека успеав во тоа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg