Мирисот на пита од тиква го зголемува либидото? Работи кои ги возбудуваат мажите
Освен очигледните работи како на пример длабоко деколте или секси долна облека, постојат работи кои ги возбудуваат мажите, а не се толку очигледни.
Прочитајте кои се тие во продолжение:
Ранливост
Мажите сакаат да почувствуваат ранливост кај една жена. Можеби затоа што во нив се буди некој заштитнички инстинкт, па сакаат да изгледаат како „спасители“. Ако сте амбициозни и сакате да ги држите работите под контрола, губите дел од привлечноста во машките очи.
Црвена боја
Има нешто во црвената боја на кое мажите тешко може да одолеат. Во едно истражување, мажите требало да оценуваат фотографии од жени облечени во различни бои. Најмногу гласови имало за црвената боја. За следниот состанок, облечете нешто црвено.
Мирис на пита со тиква
Девојки, заборавете на скапи парфеми. Центарот за истражување на мирис и вкус во Чикаго откри дека мирисот на пита од тиква во комбинација со лаванда го зголемува протокот на крв во пенисот повеќе отколку 23 други мириси.
Убаво оформени раце
Големите гради и добриот задник не се единствените работи на кои „паѓаат“ мажите. На едно истражување на Универзитетот во Сиднеј се докажало дека фотографиите од жени со долги и убаво оформени раце биле прв избор на повеќето мажи. На второ место биле долгите нозе.
Долна облека во пар
Мажите сакаат долна облека со ускладена боја и дезен, но не поради тоа што им се допаѓа бојата или материјалот, туку поради фактот што тоа покажува дека жената одвоила време и пари за да се дотера само за неговите очи.
Спонтано однесување
Ведриот и спонтан начин на однесување ги привлекува скоро сите мажи. Сакаат кај жените да видат безгрижност и опуштеност, како и волја за мали, непромислени лудости кон кои се склони младите.
М. В. | Црнобело