Мажите откриja: Што ја прави една девојка досадна во нивните очи?
Досадна си. Кога би правеле список на најлошите работи кои може да ѝ ги кажете на една жена, веројатно оваа фраза би се нашла на самиот врв од листата.
Сепак, факт е дека наспроти сите заложби во љубовната врска, припадничките на понежниот пол често стануваат токму тоа – досадни во машките очи.
Запрашани да ги наведат најчестите причини поради кои им здодеало од партнерката, мажите ги открија следните:
Не испробуваат нови нешта
Мажите сакаат жени кои се отворени за нови искуства, па доколку се во врска со личност која и не е баш расположена да испробува нови нешта и доживувања, тогаш очекувано е – ќе им здодее.
Не слушаат
Жените кои зборуваат само за себе, не слушајќи притоа што има да каже другата страна, многу брзо им стануваат досадни на мажите. Припадниците на посилниот пол сакаат да почувствуваат дека жената им се восхитува, а ако не ги слуша, чувството е сосема спротивното.
Го преземаат нивниот карактер
Честа појава кај девојките кои немаат изразен карактер е преземањето на личните особини на својот партнер. Некои го прават тоа несвесно, некои, пак, за повеќе да му се допаднат на мажот. Сепак, на машкиот пол тоа најчесто му е непривлечно, затоа што не сакаат личност со која можат да се поистоветат, туку некоја во која можат да се заљубат.
Праќаат премногу пораки
Факт е дека жените повеќе го сакаат допишувањето од мажите, но факт е и дека често знаат да претераат со таквата комуникација. Набрзо, на мажите им станува здодевно, затоа што повеќе сакаат да ја „ловат“ жената, отколку да почувствуваат дека таа ги „лови“ нив.
Немаат свој живот
Жените кои во врската му се посветуваат исклучиво на партнерот, мошне брзо стануваат досадни во машките очи. Припадниците на посилниот пол преферираат жени кои имаат исполнет распоред и без нив, а оние кои ќе им се „залепат“, едноставно ги сметаат за незанимливи.
М. А. | Црнобело