5 моќни мисли кои треба да ги запомните после раскинувањето
Не е голема тајна дека раскинувањата се многу болни. Кога поминуваме низ процесот на преболување на поранешниот партнер можеме да останеме без енергија да се бориме дури иако сме најоптимистичната личност да светот.
Иако можеби се чувствувате како да е крај на светот, важно е да запомните дека вашиот живот е многу далеку од завршен.
Еве 5 моќни мисли кои ќе ви помогнат да останете силни по раскинувањето:
1. Немојте никогаш да си дозволите на самите себеси да мислите дека вие сте проблемот
Што и да правите никогаш немојте да дозволите да се етикетирате како единствената причина зошто вашата врска не била успешна.
Раскинувањето е подолг процес иако понекогаш не го забележуваме тоа, најчесто во него се вклучени многу фактори и причини.
Најчестата причина за прекинување на врската е дека едната личност не била спремна за врска. А
ко тоа сте вие, не треба да чувствувате грижа за тоа, во различен период од животот ви се потребни различни работи и понекогаш телото ви го кажува тоа и се чувствувате непријатно во врската.
Така, по раскинување понекогаш дозволуваме кога гледаме назад на врската да ги идеализираме работите кои ги правел нашиот партнер и самите да се обвинуваме.
Немојте да дозволите тој круг на негативност да го внесете во други аспекти на вашиот живот.
Немојте да се обвинувате за нешто што било неодминливо, што морало да се случи и немојте упорно да размислувате и да правите различни сценарија во вашата глава. Не можете да промените нешто што не сте знаеле дека ќе се случи.
2. Имате контрола врз ситуацијата
Најдоброто нешто што можете да го направите по раскинувањето е да се фрлите на нов и здрав начин на поминување на слободното време.
Дали ќе одлучите да почнете со ново хоби или едноставно да продолжите да работите на проект на кој бевте заборавиле, време е да преземете контрола врз вашиот живот и да го тргнете фокусот од другата личност која не можете да ја контролирате.
Направете си распоред врз кој ќе имате контрола и почнете да исполнувате цели од вашата листа.
Раскинувањето на еден начин секогаш ви отвора нови можности, кои можат да ви го донесат следното добро нешто во животот. Ова е ваша можност за истражување на тие можности.
Не можете да го контролирате однесувањето на другите, но можете да контролирате како ќе го одговорите на ситуацијата. Патувајте сами, направете си нови авантури и видете каде ќе ве однесе следно животот.
3. Бидете благодарни
Благодарноста е нашето најголемо оружје после тешко раскинување. Кога се чувствувате најлошо, избројте ги добрите работи кои ги имате во животот.
Кога сте благодарни и го цените она што го имате наместо да се фокусирате на тоа што не е во ваша контрола да го имате ќе бидете посреќни со тоа каде сте во животот. Најмногу од се бидете благодарни дека имате избор.
Има многу жени во светот кои морат да стапат во договорени бракови, или кои немаат достап до технологија и слично. Вие ја имате моќта да напредувате во животот и можностите ви се далеку поголеми.
Има многу риби во морето, затоа продолжете да пливате.
4. Ова е одлична можност да се посветите самите на себеси
Кога сте во врска многу е лесно да влезете во ситуација во која многу често треба да носите одлуки кои одговараат на двајца. Секогаш се концентрирате на тоа како ќе влијае ситуацијата и на вашиот партнер.
Тоа што сте самите на себе после раскинување иако е тешко може да ви биде билет да избегате.
Најпрвин оддалечете се од таа личност, избришете ги сликите, пораките. Избришете ги од социјалните мрежи и фрлете ги или поклонете ги подароците што ги имате од нив.
Фокусирајте се само на можностите кои се важни за вас. Направете промена на косата, патувајте, зближете се повторно со семејството и со пријателите за кои сега ќе имате повеќе време, направете сè што ви прави да се чувствувате добро.
5. Во ред е да имате конфликтни емоции
Ќе имате многу конфликтни емоции после раскинување. Понекогаш ќе ви биде мило што повеќе не сте со таа личност, а понекогаш многу ќе ви недостига.
Ова е ваше време да се чувствувате како сакате да се чувствувате. Бидете свои. Не ги туркајте чувствата на страна, туку соочете се со нив. Признајте си дека сте тажни, сфатете дека ќе имате осамени моменти но знајте дека сте спремни да се соочите со нив и да останете силни.
Во еден момент, мора да станете, да земете длабок здив и да се фокусирате на сите можности кои ќе ги имате во иднина. Животот е многу краток да мислите на тоа што би можело да биде во минатото, затоа фокусирајте се на тоа што можете да го направите самите за себе во иднина.
Времето сепак лечи сè, ќе се чувствувате повторно добро за кратко време.
А. В. | Црнобело