Беа како куче и маче, а се сакаа најмногу на свет

Уште од првиот миг кога се видоа имаше хемија, имаше таква бурна хемија која се памети, која се случува еднаш во животот, кога без размислување се вели: „Да, тој е вистинскиот“.

kolumna-bea-kako-kuche-i-mache-a-se-sakaa-najmnogu-na-svet-01

Тие еден за друг беа комплетен пакет со сѐ што некогаш од партнерот си посакувале за себеси. Нешто што го надминува физичкото и го задоволува и психичкото со чувството дека покрај себе имаш човек со кој во интелектуален бој никогаш не би можел да предвидиш кој ќе излезе како победник.

Тие не беа кршливи, тие беа од оние луѓе кои по секоја цена од петни жили ќе се борат за да го одбранат својот став, луѓе кои речиси никогаш не се склопчуваат на крајот од креветот и не ја оплакуваат својата судбина, дури и тогаш кога навистина сите бродови се потонати.

Секогаш со високо крената глава, со замисла како сакаат да изгледа нивната иднина и со план да го креираат и последниот убав спомен што може да се компресира во денешниот ден.

Токму таквите карактери, кои сами себеси си беа самодоволни и на кои не им требаше друга половина за да бидат едно цело, токму таа комплетна обликуваност како личности кои секогаш сами ги држеа конците од својот живот и најмногу што мразеа е да бараат помош од пријател за што било во животот, направи нивното заедништво да биде колку магично, толку и неподносливо.

Колку што уживаа во друштвото еден на друг и колку што беа среќни од помислата што најдоа човек кој со својата силина ќе им биде достоен „противник“ и нема да им здодее за кусо време, толку конфликтите и дебатите до раните утрински часови кој е прав, а кој не им го исцицуваше и последниот атом енергија.

Неретко безволно легнуваа во креветот после ноќ полна кавги затоа што еден на друг да си докажат нешто им беше претешко и ги мачеше помислата дали сето ова воопшто вреди. Дали вредат црните подочници, дали вредат неколкуте нови брчки од нервоза, дали вреди истоштениот мозок и вознемиреното срце за да останат заедно по секоја цена?

Но вредеше... Вредеше затоа што таа најгласно се смееше со него, вредеше затоа што тој од неа научи да го живее животот во полн здив, вредеше затоа што за неа тој беше потпорниот ѕид кој недостига на нејзиниот темперамент, вредеше затоа што тој не трепереше така во ниту една друга прегратка, вредеше затоа што таа немаше бакнато поубави усни, а тој немаше помилувано понежна кожа, вредеше затоа што носеа бура од емоции во срцата еден за друг и ги преплавуваа чувства какви што немаа доживеано дотогаш во животот.

И сето ова ги омекна... Направи да сфатат дека нивната љубов е доволна причина понекогаш да попуштат и да се пронајдат на половина пат. Нивното толку ценето и непоколебливо „јас“, полека срамежливо започна од време навреме да му отстапува место на дотогаш за нив непознатото „ние“.

Сфатија дека тие не се ривали во битка, туку сојузници кои со заеднички сили треба да се борат против неправдите, кои сакале или не, животот ги сервира понекогаш во доза поголема од таа што едно човечко битие може да поднесе.

Дури и сега кога немирите стивнаа знаат да се потсетат на лудите младешки денови кога се караа како куче и маче, на борбите кој пожестоко може да му докаже на другиот дека може да опстане сам, а потоа на бессоните ноќи со мислата како понатаму без него.

Кај нив сѐ беше наопаку, но најважно од сѐ беше дека хемијата што ја чувствуваа еден за друг на почетокот од ден на ден само растеше. И за разлика од другите кои по некое време се презаситуваат од партнерот, тие како старееја така сѐ повеќе не можеа да си се наситат еден на друг.

Изгледа вистинската љубов нема вистинска формула како треба да започне. И најлудите сценарија можат да ги донесат најсреќните мигови, но само за оние што имаат храброст да сакаат. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg