10 знаци дека сте во брак со својот најдобар пријател
Ниедна врска не е толку силна како бракот, особено кога знаете дека сте му го кажале судбоносното „да“ на својот најдобар пријател.
Таквата врска е дефинитивно нераскинлива. Спонтани насмевки, искрени допири, совети и разбирање, едноставно сѐ е позабавно во негово присуство.
Но, животното секојдневие многупати нѐ тера да заборавиме со кој сме и колку всушност тоа ни значи.
Сепак, доколку не сте сигурни дали сте го направиле правиот избор, во продолжение прочитајте 10 знаци кои ќе ви покажат дали сте во брак со својот најдобар пријател
1. Здодевно ви е кога не сте заедно.
2. Нема тајни, едноставно сѐ си кажувате.
3. Постојано се задевате.
4. Се смеете на исти нешта.
5. Вашиот партнер е првиот со кој сакате да ги споделите добрите вести, но и единствениот со кој сакате да бидете кога сте тажни и нерасположени.
6. Уживате во меѓусебните чудни навики.
7. Би направиле сѐ за него, но никогаш не би барале ништо за возврат.
8. Никогаш не му ја префрлате вината и не го осудувате.
9. Си кажувате интерни шеги коишто другите не ги сфаќаат.
10. Убедени сте дека на светот не постои подобра личност за вас.
С. У. | Црнобело