Женските особини кои го освојуваат срцето на секој „фраер“
Што една жена ја прави идеална во очите на нејзиниот партнер? Вештините во креветот или можеби во кујната?
Иако ретко тоа го покажуваат, мажите бараат многу повеќе од оние стереотипните, површни одлики.
Што поточно?
1. Жена на која може буквално во секој момент да ѝ се довери и да и верува.
2. Жена која ќе го поддржува дури и тогаш кога сака да ја напушти работата за да ги следи своите соништа и да стане писател или уметник.
3. Жена која е мотивирана и амбициозна, која знае што сака, се стреми кон тоа, а не се концентрира само на шопинг и социјални мрежи.
4. Жена која секогаш сака да поминува време со него, но сака да биде и сама.
5. Жена со која има одличен секс, која можеби не е божица, но точно знае што сака.
6. Жена која е подготвена да промени нешто кај себе, ако тоа пречи на врската.
7. Жена која ќе го сака без разлика на сè.
8. Жена која никогаш нема да престане да го изненадува без разлика на промените кои настануваат заради животните околности.
9. Жена која го кажува точно она кое го мисли, а не прикрива емоции.
10. Жена која сака да учи и да се развива заедно со него.
Н. Г. | Црнобело