Прашања на кои секој маж треба да одговори со „не“
Дами, без лутење, но женската логика понекогаш навистина им противречи на околностите. Па, не е ни чудо што мажите се наоѓаат во „тесно ќоше“ и не знаат како да одговорат на одредени прашања.
Затоа, момци, ви помагаме. Кога ќе се најдете во критична конверзација, со критично прашање упатено до вас, сетете се дали сте го виделе на оваа листа.
Доколку е едно од овие, тогаш без двоумење треба да одговорите „не“.
1. Дали мислиш дека човек може да се разбуди еден ден и да престане да ја сака личноста која до вчера му била сè?
2. Дали си бил со некоја која е подобра од мене во кревет?
3. Дали мислиш дека мажот преку ноќ може да се промени?
4. Би бил ли посреќен ако ти понудам отворена врска?
5. Дали некогаш си играл стриптиз за друга девојка?
6. Дали детално си им раскажувал на другарите што точно правиме во кревет?
7. Обожаваш ли да одиш во стриптиз клубови?
8. Би ме оставил за помлада/постара послаба/пополна девојка?
9. Љубоморен си на моето минато?
10. Досадно ти е кога долго зборуваме на телефон?
11. Те нервираат ли моите пријатели/ки?
12. Дали мислиш дека во иднина ќе бидам иста како мојата мајка?
13. Посакуваш ли да си сам на моменти, без девојка?
14. Дали емотивното неверство е помалку ужасно отколку физичкото?
15. Би се менувал со Дан Билзеријан барем на еден ден?
16. Ти досадувам?
17. Изморен си од моите прашања?
М. Д. | Црнобело