Тренд кој загрижува: 80% од луѓето раскинуваат на овој ужасен начин

Се сеќавате кога смислувавте што побезболен начин за да ја прекинете врската?

trend-koj-zagrizhuva-80-procenti-od-lugjeto-raskinuvaat-na-ovoj-uzhasen-nachin-1.jpg

По сè изгледа, тие времиња се далеку зад нас, бидејќи новите истражувања откриваат пораст на еден загрижувачки тренд за прекинување на љубовните односи, кој нема да ви се допадне.

Имено, во последно време е сè поголем бројот на врски во кои партнерите не раскинуваат на некој од вообичаените начини, како што се караница, мирен и искрен разговор, долг е-маил, па дури и СМС порака.

Наместо тоа, само исчезнуваат како духови.

trend-koj-zagrizhuva-80-procenti-od-lugjeto-raskinuvaat-na-ovoj-uzhasen-nachin-2.jpg

Независно од тоа дали сте маж или жена, веројатно и самите сте доживеале таквa непријатност. Во еден момент сте мислеле дека сè е во најдобар ред со вашиот однос, а веќе во следниот миг - партнерот или партнерката само исчезнале, па никогаш повеќе не се јавиле.

Значи, зборуваме за ситуации во кои ниту една најобична порака не следува потоа, како „жал ми е, не е до тебе, до мене е“, туку само исчезнување. Понекогаш, тоа боли и нервира многу повеќе од самата одлука, прашувајќи се: како некој има срце за да направи такво нешто?

trend-koj-zagrizhuva-80-procenti-od-lugjeto-raskinuvaat-na-ovoj-uzhasen-nachin-3.jpg

Но, одговорот е - имаат многумина, затоа што споменатото истражување открива дека дури 80 проценти од младите, на возраст помеѓу 18 и 33 години, барем еднаш во животот биле оставени без никакво објаснување.

По сè изгледа, денес овој начин се смета за најлесен и најбезболен, но дефинитивно не е така.

trend-koj-zagrizhuva-80-procenti-od-lugjeto-raskinuvaat-na-ovoj-uzhasen-nachin-4.jpg

Ако сте моментално во врска и размислувате за прекин, немојте да бидете дел од оваа лоша статистика. Бидете човек!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg