3-те најголеми стравови на мажите кои се во сериозна врска
Можеби тоа нема да го признаат, но мажите во долгите врски или кога се во брак се сретнуваат со слични стравови.
Од што се плашат мажите кога се во сериозна врска или брак и како можете вие да помогнете?
1. „Заработувам ли доволно пари?“
Парите се силен фактор кои влијаат на самодовербата на мажот, бидејќи со нив мажот ја мери сопствената вредност, способност да се грижи за семејството и да овозможи одреден начин на живеење.
Како можете да помогнете?
Најдобро е двата партнери да бидат рамноправни и да заработуваат заеднички пари кои потоа заедно ќе ги трошат.
2. „Дали е мојата партнерка сексуално задоволена?“
Тој сака да знае дали е добар во кревет, но истовремено сака да знае и кога не е добар како може да стане подобар.
Како можете да помогнете?
Отворено комуницирајте со партнерот за вашите сексуални потреби.
3. „Дали сум добар татко?/Дали ќе бидам добар татко?“
Мажите кои планираат проширување на семејството се грижат дали ќе успеат да го пренесат своето знаење на потомците и дали ќе креираат безбедна атмосфера.
Како можете да помогнете?
Жените кои ќе станат мајки се грижат за слични работи, па добро е отворено да ги изразите заедничките стравови и заедно да се соочите со нив.
Н. Г. | Црнобело