7 неочекувани работи кои мажите ги обожаваат кај жените
Кога се зборува за убавината и привлечноста, мажите и жените имаат сосема различни ставови.
Додека жените се трудат да се намирисаат со најубавиот парфем, да ја средат косата до совршенство и да ја одржат својата кожа мазна, мажите кај нив забележуваат нешто сосема друго.
На прашањето што најмногу ги привлекува кај жените, мажите ги дадоа следниве интересни одговори:
1. Кога жената убаво се движи
Облеката можеби ги привлекува мажите, но елегантното женско движење ќе го победи и најкраткото здолниште или тесни панталони.
2. Природниот мирис на нејзината кожа
Мирисот на крема или парфем е пријатен, но мирисот на чиста и природна кожа е нешто сосема поинакво, нешто посебно.
3. Кога жената те гледа (подолго од две секунди)
Има нешто посебно во женскиот поглед. Заинтересираноста која ја покажува жената, претставува неверојатен комплимент и предизвик за мажот.
4. Нејзиното лице кога ќе се разбуди
Малку надуеното лице украсено со насмевка е нешто што неверојатно ги привлекува вљубените мажи.
5. Неуредна коса
И додека жените постојано се трудат нивната коса да изгледа беспрекорно, мажите тоа никогаш не го забележуваат.
6. Кога постојано се смее
Веселите и позитивни девојки се магнет за сите мажи. Ова е причина зошто насмевката е најубавиот женски украс на кој паѓаат мажите.
7. Пегите на лицето
Пудрата е совршена за прикривање и на најситните неправилности на лицето. Но, ако мислите дека вашиот совршен тен ќе ги привлече мажите, се лажете. Пегите на лицето мажите ги сметаат за неодоливи.
М. С. | Црнобело