5 знаци кои потврдуваат дека сте во вистинската врска
Честопати е предизвик да се справите со љубовните односи. Се случува да сте толку долго во една врска, што не сфаќате дека нешто не е во ред. Понекогаш, пак, заборавате како изгледа среќата или имате чувство дека не можете подобро.
Но, кога сте во вистинската врска, сè е поинаку. Сонцето свети посјајно, насмевката ви е поголема, па дури и извршувањето на секојдневните обврски станува попријатно. Но, како да ја препознаете?
Следните пет знаци се показатели дека вашата врска со партнерот е онаа вистинската:
1. Минувате време заедно, правејќи ги работите кои двајцата ги сакате
Прекрасно е кога тој го прави она што го сака. Прекрасно е кога таа го прави она што го сака. Сепак, уште подобро е кога ќе пронајдете работи кои обајцата сакате да ги правите. Понекогаш, потребно е повеќе време за да ги откриете, но, со текот на врската, тие самите ќе испливаат на површина.
2. Минувате време одвоено, правејќи ги работите во кои уживате
Кога сте во вистинската врска, партнерот е свесен дека постојат и работи кои сакате да ги правите сами. Сите нам ни е потребно навистина да уживаме во нештата кои ги обожуваме, а вистинска врска е онаа во која партнерите тоа го разбираат и почитуваат еден кај друг.
3. Се расправате, ама продуктивно
Ако сте во вистинската врска, тогаш не е важно кој ќе „победи“, кога ќе дојде до несогласувања и расправии. Дури не е важно ни дали нешто ќе докажете (иако некогаш целата ситуација може да добие таков пресврт). Продуктивната кавга значи разбирање на другата личност, пронаоѓање на заедничкиот темел, создавање компромис и меѓусебно почитување во текот на самиот процес. Ако караницата ја завршите, така што имате чувство дека сте „победиле“, тогаш се расправате на погрешниот начин.
4. Секој има свои пријатели, но и заеднички
Кога сте во вистинската врска, можете да пронајдете рамнотежа помеѓу личниот круг на пријатели, вашиот партнер и заедничката група на луѓе со кои се дружите. Недостатокот на било кој од овие три елементи може да биде знак за загриженост.
5. Го одржувате сопствениот идентитет
Задоволни сте што сте тоа што сте. И на вашиот партнер му е мило поради тоа. Се цените еден со друг поради одржувањето на сопствените идентитети. Во вистинската врска, и двата партнера подеднакво го унапредуваат и развиваат своето „јас“.
М. А. | Црнобело