Единствените причини заради кои на бившиот му текнало да ви се јави
Ги избриша заедничките фотографии, неговите пораки и (барем делумно) заборави дека некогаш постоел во твојот живот. Ама тогаш како „гром од ведро небо“, решава да ви се јави...
4 можни причини зошто бившиот решил да ви заѕвони:
1. Сака да провери што се случува во вашиот живот
Можеби навистина само сака да ве слушне и да праша што правите, а можеби и сака да провери дали сте го преболеле. Ако одговорот е негативен на ова, тогаш дефинитивно тоа е добредојдено за неговото его.
2. Сака секс без обврски
Најлесниот начин да дојде до она што го сака е да ви прати порака и да ве увери дека му недостасувате. Оваа игра може секој да ја игра и нема врска со емоции.
3. Ве држи како резерва
Ако не е сигурен во она што го посакува или моментално го има, веројатно смета дека може да ве има како „резерва“ во случај да одлучи дека токму вие сте тоа што му треба.
4. Му недостасувате
А, можеби и едноставно му недостасувате. Прашање е само дали е подготвен да направи нешто околу тоа или само ви се јавува кога е осамен.
Н. Г. | Црнобело