Утрото бев свесна за мојот грев

Тој дојде во мојот живот сосема неочекувано, непосакувано, кога најмалку требаше, знаете тоа е она кога ќе речат додека една гранка се ниша, здогледуваш друга на која што ти се чини дека е побезбедно да прескокнеш.

utroto-bev-svesna-za-mojot-grev-1.jpg

Во тој период кога тој навлезе во моето постоење јас имав проблеми со човекот кој мислев дека го сакам неизмерно, со целото мое срце, но со последните случувања веќе не бев сигурна. Всушност врската ми висеше на конец.

Се сретнавме во недела навечер, јас со расплакани очи од сите кавги со мојот дечко, тој насмеан и ведар, онака како што го запознав додека сигурно го трасираше својот пат до моето срце. Седевме на клупата во темнината, јас се потпрев на неговото рамо, ненамерно, мислејќи дека тој ќе ги најде утешните зборови, дека ќе ме советува како да постапам, што да променам. Дали да останам во таа заедница или да бегам што поскоро.

Но наместо тоа, тој воздивна на мојот врат, ми шепотеше зборови кои дотогаш не сум ги слушнала, ми го матеше умот и ме тераше од една страна да се чувствувам прекрасно, но од друга страна одвратно знаејќки дека јас сум онаа која е во врска, а тој слободен.

Со раката минуваше низ косата по вратот, ме гушкаше како да е последниот ден на светот. Никогаш, никој не ме прегрнал на тој начин. Што правев јас?

Како да заборавив на сите морални норми, како да дозволив неговата страст и неговото присуство да ми го поматат умот, како да се изгубив себеси.

На неговото задно седиште, како што полека месечината паѓаше за да дојде утрото, така паѓаа и нашите облеки. Воздишка по воздишка, допир по допир, бакнеж по бакнеж јас го градев мојот грев.

Што е најлошо бев свесна за сопствената постапка, но во тој момент воопшто не ми беше важно, уживав во секој миг. Како првпат некој да ми покажа како треба да изгледа вистинска игра предизвикана од страст. Никогаш не сум се наежила така, никогаш моите усни не ги испуштиле тие звуци на задоволство претходно. Таа вечер како да станав грешница, но научив дека живеев во заблуда. Заблуда која морав да најдам начин да ја прекинам.

До утрото лежев во неговата прегратка. Чадот на цигарите ме потсетуваше на гревот кој го направив. Некој да ми зборуваше претходно за тоа, би му се изнасмеала, би го направила нетокму. Но, јас го направив свесно, можеби како одмазда за сите тие кавги во последно време.

Тоа беше ноќта поради која потоа моите мисли бегаа насекаде, кога веќе не знаев што да правам со себеси. Знаев дека би ме осудиле и бев за да ме осудат, но после долго време се чувствував исполнето, среќно, имав насмевка на моето лице.

Веќе беше неважно што ќе биде со мојата врска и дали јас ќе останам сама, без ниту двајцата, таа ноќ јас добив храброст да се борам за нешто подобро, подобро од она што мислев дека е најдобро. Секое зло за добро, така велат, така беше и овој пат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg