Ако вашиот партнер ги прави овие работи, немојте никогаш да го оставите
Ниедна врска не е совршена. Не е ниту една личност совршена, исто така. Меѓутоа, постојат личности кои навистина се трудат да бидат најдобрата верзија на себеси во врската.
Партнерите не треба да бидат спасители на вашиот живот, туку рамноправни сопатници, кои почитуваат и ценат сè што имате заедно.
Ако вашиот партнер ги прави овие работи, немојте никогаш да го оставите:
1. Ве смирува кога сте лути
Добар партнер е оној кој знае кои се вашите граници и кој настојува да не ги премине. Меѓутоа, дури и ако тоа се случи, или, пак, некој сосема друг ви го направи тоа, тој е тука како поддршка за да ве смири. Некои луѓе во вакви моменти би се одлучиле да ве напуштат, но не и тој, што покажува колку како личност е вреден за внимание.
2. Не се обидува да ве контролира
Ако не е посесивен и не сака да го следи секој ваш чекор, тој е партнер кој е преполн со разбирање. Јасно му е дека имате свој живот, пријатели и активности, па не му ни паѓа на памет да се обиде тоа да го наруши. Дури и ве поттикнува да се дружите со своите пријателки и да го правите сè она што ве чини среќни, бидејќи такви сте му подраги и нему.
3. Ви верува
Нема да ве проверува, да навлегува во вашата приватност и да бара да му полагате сметки. Ќе ви верува, бидејќи е свесен дека довербата е темел на добрите односи. Затоа, и самиот тој ќе се обиде да ја придобие вашата.
4. Ве предизвикува
Тој сака да ве поттикне да излезете од својата зона на комфорот и да направите нешто кое ќе биде уште подобро за вас. Не мисли дека сте лоши, но секогаш верува дека можете многу подобро. Затоа, секојдневно ве предизвикува и потпрашува кој следен чекор сте подготвени да го направите.
5. Верува во вас
Никогаш нема да ви каже дека нешто не сте способни да го да направите. Наместо тоа, ќе се труди одново и одново да ви објасни дека можете да постигнете сè што ќе посакате, постојано мотивирајќи ве и охрабрувајќи ве. Меѓутоа, нема да се обиде ниту да се натпреварува со вас, бидејќи сака заедно да успеете. Свесен е за сите ваши потенцијали и е ваша огромна поддршка.
6. Ве сака безусловно
Сите мани, несигурности и проблеми се дел од вашата личност. А тој го сака сето тоа, бидејќи не тука само кога сè е добро и кога сте беспрекорни. Тој ве сака како комплетна личност и не очекува совршенство, бидејќи тоа и онака не постои. Никогаш нема да се обиде да ве промени, затоа што знае дека сте посебни, такви какви што сте.
7. Ви открива нови нешта во животот
Тој ве учи на нешта кои не сте ги знаеле претходно. Ви открива нови места. Буди спомени од детството и ви покажува какво е чувството повторно да бидете „живи“. Секогаш откривате нешто ново и за него, што директно ви влијае на чувството на задоволство поради спознанието на сè она што тој е.
М. А. | Црнобело