5 причини зошто мажите ги оставаат жените кои ги сакаат
Колку и да изгледа чудно и мажите мечтаат за љубов исто како и жените, но она што ги плаши е губењето на слободата.
Постојат неколку причини кои кај мажите може да предизвикаат толкава навреденост, што тие се подготвени да ја напуштат партнерката, дури и покрај тоа што навистина ја сакаат.
Ова се само дел од таквите причини:
1. Чувствува дека партнерката сака да го промени
Позната е изреката дека мажите се женат надевајќи се дека жената нема да се промени, а жените се мажат надевајќи се дека мажот ќе се промени. Мажите не сакаат никој да ги менува, туку сака вистински да се открива себеси заедно со партнерката која ќе го сака и поддржува.
2. Се чувствува загрозен заради успехот на партнерката
Истражувањата покажале дека многу често кај мажите се намалува самодовербата доколку нивната партнерка стане успешна, дури до степен што понекогаш ја гледаат и како конкуренција. Успехот на жената често прави тие да не се чувствуваат доволно успешни, а таквиот удар врз нивното его ги тера да почнат да размислуваат за напуштање на партнерката.
3. Не сака да слуша приговори
До одреден стапен мажите ги игнорираат или избегнуваат приговорите на своите партнерки, но по извесно време јасно ќе ви дадат до знаење дека им е здосадено од тоа. Тие никогаш не ги анализираат чувствата и емоциите како вие, па единствено што име е важно е да се чувствуваат ценети.
4. Сака повеќе интимност
Сексот е важен дел од живот на мажите па токму затоа сакаат да се чувствуваат како најпосакувана личност во животот на партнерката. Недостатокот од секс може да ги натера да ја напуштат партнерката без оглед на тоа што ја сакаат.
5. Постојано споредување со другите
Она што ниту еден маж во ниту еден момент не сака да го чуе е споредба со вашиот поранешен партнер. На тој начин го навредувате и му давате до знаење дека сè уште помислувате на поранешниот партнер, што секако може лесно да доведе до прекин на врската.
М. С. | Црнобело