Ти не треба да се смириш, ти треба да се заљубиш!

„За мене една чаша виски”,реков на келнерот додека го чекав мојот пријател да дојде да ми се придружи во таа саботна вечер. Наоколу во сите тие светла имаше од сè по нешто и за секого по нешто. Да бидам искрен, мразев кога луѓето доцнат, а мојот пријател доцнеше веќе 15 минути, но се обидував да најдам нешто за себе во таа темница, па на тој начин ја убивав досадата.

ti-ne-treba-da-se-smiris-ti-treba-da-se-zaljubis-1.jpg

Откако дојде се извини сто пати и започнавме да зборуваме за животот, што ни се случило, како ни се случило, се немавме видено долго време. Тој беше оженет со деца, јас сингл, знаете искуства случки, еден куп теми за разговор, која од која поинтересна, која од која посочна.

Како што течеше разговорот видов дека всушност ништо не се сменило во тие три години додека не сме се виделе. Неговиот поглед повеќе одеше по секоја девојка која ќе поминеше крај нас, отколку мојот поглед, иако јас бев оној кој треба да се заинтересира повеќе за она што се случуваше околу. Флертуваше со девојката од спроти нас, веќе 15 минути, сепак тој беше татко на две деца и женет човек или можеби моите морални норми се превртени однопаку, којзнае?

„Воопшто не си се сменил, гледам пак си истиот оној кој си љуби да си чепне на страна, тоа не ме чуди, но ако смеам да прашам зошто се ожени, ако сè уште се држиш во чекор со твоите изневерувања?”, прашав јас со доза на осудување.

„Не воопшто не е така, барем сега, знаеш ли ти колку сум смирен. Откако се родија децата, помислувам, се смешкам, но не изневерувам како што знаев претходно, пред да дојдат тие. Некако како сега да имам грижа на совест, повеќе, ја чувствувам”, се обиде да се оправда мојот пријател, грешникот.

„Братко, може ли да кажам нешто без да ми се налутиш. Ти не треба да се смириш, ти треба да се заљубиш, ама онака искрено од се срце, во жената која си ја одбрал да биде твоја вечна сопатничка. Треба да престанеш да бидеш саможивен и себичен, заљубен сам во себе, нарцис, кој само сака да го пумпа своето его.

Зарем ти мислиш дека нешто останало скриено, зарем мислиш дека таа не знае?

Не сме веќе деца, па да се натпреваруваме кој колку ќе легне, знаеш дека и тогаш ги осудував тие игри. Ако сакаш да бидеш со секоја, биди слободен како мене и ќе бидеш. Но, не уништувај туѓи животи, особено не дозволувај твоите деца да живеат во кавгите кои настануваат само заради тоа што сакаш да се чувствуваш посакувано.

Згоден си, жените те посакуваат, но запомни, никој не заслужува таков третман. Што би било ако и таа го прави истото? На што ќе личи тоа? Бракот би требало да е многу повеќе од прстени на раката, кој што ти впрочем намерно не го носиш кога излегуваш.

Не мисли дека те напаѓам, но размисли, размисли за секој збор. Промени ја таа твоја состојба, не ти требаат тие за да се чувствуваш моќно. Ти треба таа, заедно со децата, за хармонијата и за да го проживееш овој живот на убав начин. Не дозволувај за 30 минути сласт сe да расипеш, ама што знам јас за да ти кажувам, ти си знаеш најдобро!”

После тоа престана да се смешка, можеби го затворив во неговата глава со сите тие мисли, што е најлошо знаеше дека сум во право. Можеби претерав, но јас секогаш играв така, вистината мораше да биде кажана, особено на луѓето кои ни беа блиски, за да сфатат како не треба.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg