До девојката на мојот бивши: Ако успееш да го промениш, јас прва ќе ти честитам

Драга моја слушнав дека си се распрашувала за мене, те интересирало која сум, што било меѓу нас двајцата и зошто сме прекинале. Бидејќи географски не можам да бидам блиску за да ти закажам кафе средба, еве ќе ти се обратам за да ти ги дадам сите информации кои што треба да ги знаеш за твојот сегашен, а воедно мојот бивши дечко. Можеби ти ќе успееш да го промениш во она што јас не успеав.

raboti-koi-treba-da-gi-znae-idnata-devojka-na-mojot-bivs-decko-01

Не очекувај да наидеш на љубомора, тој е човек кој никогаш нема да ти љубомори, на почеток ќе си мислиш дека тоа е супер, да имаш некој крај себе кој нема да ти замери без разлика колку други момци ќе ти пријдат, но како што ќе изминува времето ќе те копка секојдневно дали ти воопшто му значиш, дали му е грижа, ако некој друг ти пријде и ти се изглупираш или му е важно само да те има, а што е пред или по тоа е неважно. Верувај ми тоа со текот на времето многу ќе те иритира.

Не очекувај да имате многу спомени, иако ги има сите квалитети на светот, тој е човек кој едноставно нема да можеш да го извадиш од дома. Сè она што ќе помните е патот од твојата куќа до неговата и назад. Не ме прашувај зошто, тоа беше она што јас сè уште не можам да го откријам, но ако ти успееш, те молам извести ме.

Никогаш нема да те изневери, како што кажав погоре нема со кого да те изневери, бидејќи самиот се принудува да биде асоцијален, па оттаму нема многу жени во неговиот живот освен ти.

Ако некогаш излезете тоа ќе биде со еден куп други луѓе, значи никогаш нема да излезете сами. Заборави на помфрит со пиво, на гитара во кафеана, на журка во пивница. Едноставно подготви се да бидете изолирани ти и тој, во таа асоцијала која самиот ја креира.

Заборави на вечери исполнети со романтика и навикни се да „висиш“ сама на креветот додека тој штрапа на својот компјутер играјќи ги тие заразни игри. Прво беше симпатично, но поминаа четири години откако јас и тој почнавме, не сме веќе деца и едноставно тоа ме вадеше од кожа.

Вашиот сексуален живот ќе опаѓа експоненцијално сè додека не ја достигне точката на мртвило, бидејќи од толку поминато време заедно сами, дома, со истите разговори, сè она што те прави некој да ти недостига и да го посакуваш ќе исчезне.

Подготви се да бидеш во врска со најпрекрасниот маж, кој е нежен, добар, кој има огромен потенцијал да биде најсовршениот маж кој некогаш си го запознала, а сепак е затворен сам во себе, во една лушпа која јас не можев да ја скршам. Лушпа која го држи за да скапува однатре.

Би ти рекла бегај затоа што сметам дека тоа никој не може да го промени, но ти би помислила дека сум љубоморна и дека сакам да ви расипам, затоа јас ќе ти речам среќно, бидејќи така им велат на рударите кои копаат по најтемните места на земјата.

Ако успееш да излезеш од таму со рудата и да го ослободиш од неговата непотегливост, тогаш јас ќе бидам првата која од сè срце ќе ти честита и ќе ми биде мило ако ти успееш во она што јас не успеав.

Мила, со среќа!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg