Вибратор за секого!
Вибраторот е една од најпродаваните секс играчки на светот. Многумина сметаат дека е револуционерен пронајдок посебно за девојките. Но, вибраторот...
...може и тоа како да биде интересен и во двојка.
Не само што го прави сексуалниот чин повозбудлив, прави добро дело и за нашето здравје. Едно истражување спроведено во САД, Индијана, покажало дека личностите кои користат вибратор, сами или со партнерот, имаат поздрав живот.
Освен што често одат на прегледи, често и сами себе се прегледуваат (тестисите или градите). Со користењето на вибраторот се зголемува желбата за секс, позитивно влијае на ерекцијата и доживувањето оргазам.
Debbie Herbenick која го водела истражувањето објаснува дека од 1.047 машки испитаници, 45% признале дека користеле вибратор за сексуални игри.
Кога се жените во прашање, тој процент е уште поголем – 52,5% (и за мастурбација и во игри со партнерот).