Какви гради, каков задник... Знаеш ли ти какви очи има?

Беше петок, ден или два после фамозниот празник по кој сите полудуваат, трчаат по букети, прават сенешто за своите сакани. Како тоа да мораше да се прави баш тогаш, ама си помислив комерцијализам, што ќе правиш, не можеш да се бориш со тоа. Седев на шанкот и пиев чај од камилица, нешто ми беше ладно во душата.

brat-ostavi-gi-gradite-znaes-kakvi-oci-ima-01

Скролав на телефонот, бев сам бидејќи ми требаше простор за да си ги средам мислите.

До мене на шанкот седеше момче кое нестрпливо тресеше со ногата. Толку ми го одвлече вниманието што посакав да му кажам да запре, бидејќи почнуваше да ме нервира. Постојано гледаше во часовникот, па ме заинтересира што чека толку.

После 20-ина минути се појави неговиот другар. Нарачаа две големи шолји макијато, а јас умирав да откријам што е темата на разговор, што беше тоа што го правеше толку нестрплив.

„Иии, ајде раскажувај, како беше, каде бевте, како се случи, знаеш ти тоа“ - изговори тој возбудено.

„Полека, ќе ти раскажам сè по ред, дозволи ми да го соблечам палтото и да го извадам шалот“ - со смирен тон одговори неговиот соговорник. Можев да забележам дека се тинејџери, можеби околу 18-ина години.

„Ајде кажувај, знаеш дека уште ти немаш легнато нешто од целото друштвo, ајде раскажувај, какви гради има, каков задник, каква е во кревет, ја правевте ли онаа фамозна поза 69, се „омрси“ ли конечно?“ - брзо раскажувај, ќе пукнам да откријам.

„Брат какви гради, каков задник, знаеш ли ти какви очиња има... Свесен ли си ти за нејзините очи, нејзините црни зеници и нејзиниот зелен ирис кој опива. Нејзиниот сјај од белките и нејзината неизмерна љубов која извира од таму.

Кога ќе се насмевне, во тоа чисто лице и во таа кадрава коса гледам одаја во која е заробено моето срце. Таа е муза на моето постоење, го разбираш тоа? Муза на моето живеење.

Ќе те разочарам, но „не ја легнав“, бидејќи цела вечер ја поминавме покрај оганот, зборувавме се смеевме, се држевме рака за рака, ми се потпре на рамово, ја почувствував нејзината топлина на мене. Плус, сум ти кажал дека е помала, не сакам да ја избрзам.

Сексот може да почека, бидејќи она што ми го предизвикува кога сме заедно е магично, не сакам да го уништам тоа со трапави потези од притисокот да бидам фраерот кој легнал нешто.“ - одговори смирено момчето што доцнеше.

„Тој ќе ти бил фраер, со тој ум пријателе, ќе си останеш „неомрсен“, јас да ти кажам, сум ти местел сто девојки, дури и некои на кои воопшто не им се чека, ама не, ти љубовџија, романтичар и што на крај со прстот во уста, како на дрво да зборувам.“ - му возврати изнервирано самопрогласениот фраер.

После разговорот на момчето кое доцнеше почувствував топлина во душата, не знам зошто но неговите зборови беа реткост на денешното постоење.

Ме погодија и ме натераа да се завртам и некому, да кажам дека сум ги средил мислите. Дали тоа беше така, бидејќи бев приврзан со сите жени од моето семејство, не можев да сфатам, но јас и тој имавме нешто заедничко...

Почитта кон жената и почитта кон љубовта.

Можев да се заколнам дека кога ќе дојде вистинското време тој ќе почувствува поинаква магија, која ќе биде посебна, само затоа што во таа заедница постои почит и взаемно разбирање, бидејќи ако ја притискаш магијата може да резултира со катастрофален трик. Присилните работи ретко се убави, си помислив.

Го облеков капутот, ги платив двете сметки и си заминав. Тие не сфатија зошто, но јас си ја стоплив душата, а две кафиња не беа преголема цена за тоа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg