Постојат 10 типови на љубов - Каква е вашата?

Што е љубовта? Прашање кое откако постои човештвото се обидуваат да го одговорат поетите, писателите, филозофите, научниците, психолозите...

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-01_copy.jpg

Дали може да се сведе на едно единствено чувство или се дели?

Експертите тврдат дека постојат различни типови на љубов:

1. Нова љубов

Нов наплив на хормони и емоции. Кога ќе пронајдеме нова љубов, многу често ни е тешко да признаеме дека сме заљубени. Тогаш бројот на конфликти е минимален, а очекувањата се големи.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-1.jpg

2. Рутинска љубов

Иако рутината многу често се асоцира со нешто лошо или во најмала рака, здодевно, не значи дека овој тип на љубов е осуден на пропаст., туку, дека станува збор за едноставен тип на љубов каде можете да бидете природни еден кон друг.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-2.jpg

3. Љубов која иритира

Да бидеме попрецизни, ги иритира другите околу вас. Живеете како во меур и не ги перципирате другите луѓе, а тоа значи дека често заборавате на другите и умеете да бидете непристојни пред нив.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-3.jpg

4. Несовесна љубов

Може да бидете заљубени, ама не и во врска. Не сте подготвени да ризикувате дел од вас за другата личност, тешко ви е да ја прифатите и разберете љубовта која постои меѓу вас.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-4.jpg

5. Пријателска љубов

Заљубени сте во вашиот/ата пријател/ка и сметате дека тој/аа е идеален/на партнер/ка за вас, ама како да не постои хемија, барем не од едната страна.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-5.jpg

6. Лажна љубов

Убедени сте дека сте ја пронашле сродната душа и дека ви е судено да бидете заедно до крајот на животот, а само си замислувате дека сте идеални и живеете во фантазија која порано или подоцна си заминува.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-6.jpg

7. „Иста“ љубов

Ова е тип на љубов каде постои некаква необјаснива магија. Можете да се расправате, да се оддалечите, повторно да се сретнете и на крајот повторно да завршите заедно. Како да не постои ниту една друга личност за вас.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-7.jpg

8. Заслужена љубов

Тука сте за личноста и во добро и во лошо, се трудите да ја заслужите туѓата љубов и не можете да си го замислите животот без таа личност.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-8.jpg

9. Трагична љубов

Ова е тип на љубов кој засекогаш остава белег во вашата душа. Емоциите се силни, ама едноставно не сте судени да останете засекогаш заедно.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-9.jpg

10. Нездрава љубов

Постојано правите нешто погрешно и страдате, ама не се откажувате од другата личност. Ова не е здрава љубов која најдобро е да ја прекинете, тогаш кога ќе бидете способни да го направите тоа.

postojat-10-tipovi-na-ljubov-kakva-e-vashata-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg