10 работи кои мора да ги знаете пред да се смирите со бившиот
Добро размислете пред повторно да се навратите на личноста од која некогаш сте заминале.
Сетете се на причината зошто сте го направиле тоа.
Размислете за сите работи кои ви се случиле во меѓувреме.
Пред да донесете конечна одлука, обидете се искрено да си одговорите на следните 10 прашања:
1. Зошто сакам да се смирам со него?
Ако причината да се вратите на старата врска е ниската самодоверба и осаменоста, а не љубовта која ја чувствувате кон другата личност, тогаш навистина треба да ја преиспитате вашата одлука.
2. Дали ќе бидете среќни со некој друг?
Ако не сте се обиделе со некој друг, големи се шансите да му се вратите на поранешниот партнер. Истражувањата покажале дека луѓето кои во меѓувреме излегувале со други партнери многу поретко се враќаат на старите врски.
3. Што мислат моите пријатели и семејството?
Иако нивното мислење не е пресудно, сепак е важно. Иако тие најверојатно ќе бидат премногу заштитнички настроени, важно е да слушнете што имаат да кажат.
4. Што ми е потребно во врската?
Напишете ги на хартија сите работи кои ги сакате од врската и размислете што таа личност може да ви понуди.
5. Постои ли пример за лошо однесување?
Обрнете внимание дали поранешниот партнер одново и одново повторува исти грешки. Ако одговорот е потврден, добро размислете дали е добро да му се вратите.
6. Се прифаќаме ли еден со друг?
Никој не е совршен па затоа многу е важно да ги прифатите мааните на партнерот и да можете да живеете со нив. Доколку тие се неприфатливи за вас, не почнувајте ништо одново, бидејќи тој нема да промени колку и вие да се обидувате да го направите тоа.
7. Што би направила за следниот пат нештата да бидат подобри?
Размислете што би можеле да направите поинаку за овој пат врската да не заврши како претходно.
8. Зошто оваа шанса ќе биде поинаква?
Ова е тема на која треба да разговарате очи в очи. Директната комуникација ќе ви овозможи да разговарате за проблемите со кои сте се соочиле и како да не ги повторите старите грешки.
9. Дали поминало доволно време за работите да се променат?
Луѓето не се менуваат преку ноќ, па затоа добро размислете дали поминало доволно време за вашиот партнер, а и вие, да имате шанса да се промените.
10. Имате ли некои недовршени работи?
Ако чувствувате дека не сте кажале сè што ви пречи и ве повредило, сега е вистинско време за тоа. Само на таков начин ќе можете да ги промените нештата и да започнете со врската без дополнителни оптоварувања.
М. С. | Црнобело