Таа ме праша: „Дали би простил неверство?"

Беше два или три после полноќ, ги собрав книгите, ги облеков шалот и капата и после долгочасовно учење ја напуштив читалната. Надвор владееше некој пригушен празничен дух, беше осветлено од сите новогодишни украсни, но немаше никој. Беше камен ладно.

dali-bi-prostil-neverstvo-01

Ги триев рацете бидејќи немав ракавици, а морав да ги чувам надвор бидејќи беше подмрзнато. Тоа го научив од татко ми, ако одиш по мразот, рацете не ги чувај во џеб. Но, со секоја измината секунда на замрзнатиот тротоар тие стануваа се поцрвени и поцрвени.

Застанав на постојката бидејќи студот не се трпеше, се молев ноќната седмица да дојде на време за да си ги згреам коските. Близу постојката на малата продавничка беше потпрена девојка, која седеше на мразот и плачеше. Си помислив можеби се лизнала и паднала, па посакав да помогнам.

„Девојко, добро си?” Се приближив внимателно за да не ме сфати погрешно.

„Сум била и подобро, имаш ли цигара да го отрујам телово за да ја истискам нервозата?”

„Имам, но што се случи, зошто лежиш во темницава на мразот?” Прашав јас љубопитно додека чепкав по џебовите за да и дадам од цигарите.

Знаеш што се случи, се случи она што го заслужив. Така тоа ти оди во животот кога ќе сакаш со сила да бидеш будала. Другарките ми зборуваа, моите ми зборуваа, сите ми зборуваа, ама јас бев заљубена до уши, какво заљубена, јас бев слепа, простачка, не ми се верува.

Знаев дека ме изневерува, ние жените без разлика колку и да мислат мажите дека не знаеме, знаеме уште при првото нивно сомнително движење, уште при нивните умилкувачки зборови денот после извршениот грев, уште по нивното однесување на телефон кога се со тие евтини кучки. По нивниот парфем измешан со тој евтин секс.

Јас знаев, но женска глава, сега не можам да сфатам што сум мислела тогаш.

Цел студентски дом ми се смееше, сите мои другарки, сите негови другарки, сите кои ги гледаа нашите слики на Фејсбук не се воздржуваа а да не изговорат, „Еве ги овие со лажната љубов”. Јас му бев онаа за сериозно, а другите за да биде мачо мен во друштвото.

Си мислев ќе му помине, ќе го пупма егото и ќе престане, еднаш, двапати, можеби и десет пати. Но, после шест години врска тој не престана, денес го фатив со мои очи. Во таа гнасна постела со една евтина мивка. Како јас да не му бев доволна. Си помислив тоа ли требало за да прогледаш, тој потрча по мене, но јас не застанав.

Шест години дозволив да прави будала од мене, шест години од мојот живот потрошив за копиле, затоа плачам, не бидејќи ме изневери, јас одамна бев изневерена, се изневерив самата себеси кога дозволив да останам во врска со човек кој изневерува.

Но, убаво ми се отворија очите, видов сè, дури и она што не сум гледала претходно. Само ми е жал за времето поминато со него и сите тие гнасни денови на лажна љубов, затоа ѝ се лутам на таа во мене, бидејќи со цело срце сакаше човек кој не ја заслужува таа љубов.”

„Ти би простил неверство?” Ме праша со доза на лутина.

„Знеш, јас во животот се водам според она не прави му никому она што не сакаш да ти го направат тебе, ниту сум изневерил ниту сакам да бидам изневерен. Ако се случи, ниту очекувам, ниту сакам да ми простат, ниту па јас простувам, колку тоа да звучи нехристијански”, в озвратив со смирен тон.

„Така и си мислев, ти се чита во очите. Има добри луѓе на овој свет, само прашањето е како да налеташ на вистинските. Ајде еве ти ја седмица, качувај се, јас живеам тука близу, фала за цигарата. Иако не ми го знаеш името, но ми ја знаеш приказната, можеби ќе излезе нешто поучно од неа”. Замина во непознат правец додека јас целиот збунет се качував во автобусот.

Во главата пробував да си објаснам како може едно човечко суштество да е во заедница со друго човечко суштество, ако тоа второто има потреба од надворешни човечки суштества да ги задоволат неговите потреби?

Не можев да го разберам тој феномен, ниту причините кои го предизвикаа, но едно беше јасно, никој не заслужува таква тортура. Да живее во илузија дека е сакан, а да заспива со солзи.

Едно беше јасно, колку и да звучеше нечовечно, има грешки кои не се простуваат, мислам дека таа лекција ја научи и изневерената девојка. Она што не знаеше е дека нејзините зборови ќе ги чујат многумина, не за да ја осудат, туку можеби за таа грешка никогаш да не ја повторат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg