Поранешниот дечко ќе се жени - мисли кои инстинктивно ви поминуваат низ глава
Безгрижно си скролате на мобилниот телефон додека веста не ве смрзне за момент. Вашиот поранешен дечко. Со неговата девојка. Или... вереница?!
Не сте подготвени за овој момент. Дали ова е фер, да ве пречека ваква вест неспремни? Поминаа „само“ 14 месеци откако раскинавте. Кога ја запозна, кога реши да се жени?
Ова се првите 9 мисли кои неконтролирано извираат од вашиот мозок:
Не е можно!
Можеби е шега? Можеби купил прстен и сакаат малку да се пошегуваат со пријателите на Фејсбук? Како е можно, вие бевте скоро 3 години заедно и не успеавте да се договорите да купите куче, не пак да стапите во брак.
Но, овој прстен изгледа прилично сериозно, а насмевката на двајцата прилично вистинита.
Зошто раскинавме?
Чија вина беше? Кој прв ја донесе одлуката? Можевме ли сепак да успееме заедно? Не, бевме осудени на пропаст. Ама јас му раскинав. Ха! Моја победа.
Ќе добијам ли покана за свадбата?
Ниту сме пријатели, ниту сме непријатели. Кога ќе се сретнеме се однесуваме цивилизирано и културно, а имаме и голем број заеднички другари. Сепак, се надевам ќе бидам изоставена од списокот на гости. Што барам таму?
Се надевам имаат подобар секс од нашиот
Веројатно напреднал малку во креветот откако раскинавме.
Мајка му сигурно ја одобрила оваа девојка
Затоа што сите можни маани ги имав јас. И да не се лажеме – никоја не беше доволно добра за маминото синче. Фала богу нема да ни се вкрстат никогаш повеќе патиштата со мајка му на поранешниот. Се надевам ќе биде пофина со неговата жена, отколку што беше со мене.
Леле, замисли да бев јас?!
Замисли да не раскиневме и сега јас да позирав на Фејсбук со прстенот на рака и да добивав честитки... нели сме некако млади уште за тоа?
Фала ти Боже, не сум јас!
Не беше вистинскиот за мене и тоа е тоа. Да беше, немаше да се разделиме. Си го сакам животот каков што ми е, не би менувала ништо.
Може да се види прстенот од поблиску?
Да не се лажеме, сите се обиделе досега да го зумираат прстенот. Море, не е лош. Баш убаво одбрал, види го ти него.
Со среќа нека ви е!
Па дечки, бидете среќни и уживајте. Освен ако насмевките не ви се лажни, изгледате супер заедно. Ти ќе си го трпиш сега девојче, мене ми помина редот.
Ти среќен, јас среќна. Тоа е најважно на крајот.
(О)Милена | Црнобело