Од што бегаат девојките?
Мажите би направиле се за да заведат жена. Истото би го направиле и жените. Но, во некои ситуации или претеруваме или едноставно – не знаеме.
Некое однесување во раниот стадиум на запознавање или врска се често претерани и непотребни. На некои од нив припадничките на понежниот пол ќе побегнат како обезглавени.
Што да избегнете?
1. Вие сте лесен плен. Да и тоа постои. И девојките сакаат да си играат. Фраер кој од самиот почеток се нуди не е интересен.
Едноставно – тој е лесен плен. И девојките сакаат мажи кои се потешко достапни. Има нешто во таа игра “мачка и глувче“.
2. Премногу сте фокусирани на секс. Сексот и важен во врската. Сите го сакаме.
Но, ако сте мангуп, и од старт се вртите на секс, девојката нема да ве сфати сериозно и ќе мисли дека на неа гледате како на предмет.
Или ќе ве искористи и нема да ви се јави или едноставно – само нема да ви се јави.
3. Премногу сте посесивни. Љубомората е составен дел на секоја врска. Таа може да биде позитивна ако не ги поминува границите на нормалата. Посесивноста на почеток на врска е критична, затоа избегнете ја!
4. Циција! Најголем број девојки не очекуваат да ги плаќате сите сметки. Со исклучок на т.н. спонзоруши. Но, ако веќе сте џентлмен, ред е да се понудите барем некогаш да ја платите вечерата.
5. На репертоарот ви се поранешните. Навистина нема потреба од раскажување на минатото. Што било – поминало.