Страсни бакнежи пред камера: Кои се само пријатели, а кои се заљубени?
Летото 2013-та година, фотографот Бен Ламберти од Њујорк случајно направил фотографија од пар кој се бакнува. Фотографијата толку многу му се допаѓала, па решил да направи цела серија фотографии.
Тој ги замолил своите пријатели кои биле парови и оние кои се само многу добри пријатели страсно да се бакнат. Денес, неговите фотографии се објавени во германското списание „Zeit“.
„Беше интересно да се види како различни двојки реагираат“ - вели Бен.
„Се чинеше дека бакнувањето пред фотоапарат претставува поголем предизвик за вистинските парови, бидејќи за нив тоа е покажување на интимноста, а за пријателите бакнувањето беше само за забава“ - додава тој.
Можете да погодите на која фотка е прикажан пар, а на која само пријатели?
Н. Г. | Црнобело