Оваа година пронајдете ја вистинската личност...
Почетокот на годината веројатно за многумина означува нов почеток и верување дека токму оваа година ќе ја пронајдат „вистинската“ личност.
Дури и оние кои се во хармонична врска (зарем навистина постои такво нешто?!), во секој момент би можеле да се запрашаат дали тоа е навистина она вистинското?
Ако и вие се двоумите како изгледа вистинската љубов и каква личност треба да имате покрај себе обрнете внимание на следново:
Најдете личност со која ќе бидете возбудени што ќе ја поминете заедно саботната вечер, седејќи дома и не правејќи ништо.
Пронајдете љубов која ќе ве прави среќни што сте заедно, дури и кога во недела навечер праќате деловни мејлови, или ја пеглате неговата облека пред да ја наредите во плакарот, или сечкате зеленчук за да подготвите ручек, а тој е до вас и иако не знае да ви помогне, барем ви прави друштво.
Без оглед што правите, без оглед на тоа колку задачата е досадна, ништо не е важно додека таа личност е до вас.
Започнете заеднички живот со онаа личност со која се чувствувате убаво додека разговарате. Покрај која не се обидувате да изгледате забавно, паметно или совршено. Едноставно можете слободно да разговарате на секоја тема и да го кажете она што го мислите без притоа да се грижите што тој/таа ќе помисли за вас.
Бидете со личноста пред која можете да признаете дека сте нервозни заради лошиот ден на работа или затоа што ви недостасуваат родителите – и притоа знаете дека тој/таа е тука да ве утеши и да ви каже дека сè ќе биде во ред...
Бидете со оној/онаа со кого сте создале посебна врска и не морате да бидете ништо повеќе од она што навистина сте.
Продолжете понатаму со оној кој ве прифаќа такви какви што сте, а истовремено ве инспирира да станете подобра личност, првенствено заради вас самите, а потоа и заради него.
Пронајдете некој/а кој/а ве охрабрува и поддржува. Пронајдете некој на кого ќе се воодушевувате, кого ќе цените, на кого ќе бидете горди што го имате покрај вас, истовремено чувствувајќи се сигурно и заштитено.
Пронајдете некој кој гледа во вас, а не во телефонот додека му зборувате, бидејќи вие сте му поважни од сите тие нешта кои се случуваат на социјалните мрежи. Некој кој ве гледа во очи, и знаете дека ве разбира и сочувствува со тоа што му го зборувате.
И на крајот, најдете некој со кого љубовта е „тешка“, предизвикувачка и вредна за целиот вложен труд и откажувањата кои сте ги вложиле во неа. Пронајдете љубов која ви нуди среќа и задоволство, која се зголемува од малите моменти на топлина и нежност.
М. С. | Црнобело