Ти одбиваш да пораснеш, а јас сакам дом и семејство
Ме прашуваат како можеш така песно да пресечеш и да фрлиш 6-годишна врска во вода. Овие одлуки никогаш не се лесни, ниту пријатни.
Не е дека се носат без грам размислување или нималку тага и жал. Солзите се неизбежни, но јас длабоко знам дека ќе бидат уште поголеми и погорчливи ако не заминам.
Веќе заборавив колку долго се молев да се сменат работите. Колку долго те молев да пораснеш. Да преземеш малку одговорност, да започнеме заедно да градиме иднина. Твоите планови не отидоа подалеку од местото каде што ќе излеземе во сабота невечер.
Не сфатив зошто имаше толкава аверзија да зборуваш за иднината, иако ми се колнеше дека ме сакаш и јас сум целиот твој свет.
Сега сфаќам дека не си бил подготвен за обврски, ниту вистински си ме сакал.
Секогаш имаше некоја ништожна самоодбрана – Ме напнуваш, престани да бидеш толку сериозна.
Одбивам да пресметам колку долго ги потиснував своите желби, само за да не те „напнувам“, само за да не те изнервирам, само за да не се уплашиш.
Таму некаде по патот додека чкрипев со забите и глумев нешто што не сум и не сакам да бидам, изгубив дел од себе, но и љубовта кон тебе. Пламенот од некогашниот занес почна полека да се гаси.
Почнувавме да губиме теми за разговор, а и тишината беше кисела, наместо онаа пријатна, топла тишина кога не мора да се зборува, но се чувствува љубовта која лебди.
Ние не можевме да пронајдеме заеднички јазик. Ти не се менуваше, а на моето преправање му се ближеше рокот на траење.
Сакаме есенцијално различни работи – ти одбиваш да пораснеш, јас сакам дом и семејство. Ти одбегнуваш одговорност, јас ја барам. И не велам дека твоето или моето е погрешно или што е правилно.
Само конечно собрав храброст, се погледнав во огледало и си реков: Доста се лажеш себеси.
Кажи збогум, без грам горчина и барај си го она што ти треба, што го заслужуваш.
Па така и сторив. Не беше едноставно, но уште помалку ќе беше едноставен животот покрај тебе. Не сакам да се полнам фрустрации поради неисполнетите желби.
Не сакам да се задоволам со просечност, со што било, да се скрасам со кого било само за да не шетам сама по светот или да се плашам дека ќе добивам покани за забави адресирани само до мене.
Не ми треба бледа проекција на мојот сон за иднината, ми треба реална верзија.
Не се објаснував многу долго со роднините или комшиите зошто повеќе не сме заедно, и покрај нивните љубопитни погледи и по малку злобни коментари. Не ми се важни тие луѓе.
Важно е дека ме разбраа моите родители и ми ја дадоа сета поддршка. Да го побарам тоа што го сакам. Да го добијам она што го заслужувам. Затоа што вреди да се бориш за секое парче среќа под ова небо. А најмногу, за љубовта.
(О)Милена | Црнобело