Каков е животот кога си немажена на 40 години?
Овие шест жени отворено зборуваат за тоа како изгледа кога не сте мажени по четвртата деценија од животот и кои се предностите и мааните кои ваквиот живот ги нуди...
Ребека Трејстер е авторката на книгата „Немажените жени и издигнувањето на независните нации“ во која објаснува зошто сè повеќе жени се одлучуваат за самотнички живот.
„Немажените жени во развиените земји водат комплициран друштвен живот и покрај финансиската независност и сексуалната слобода. Нивните животи се комплицирани, главно бидејќи мажените жени и понатаму имаат подобар друштвен статус, поради тоа што средината смета дека самците се предодредени да се чувствуваат нецелосно“ – објаснува Трејстер.
Ова се фактите кои шест немажени жени ги наведуваат како главно влијание врз нивниот живот:
1. Слободата е моето најголемо богатство
Кога имав дваесет години мислев дека ќе бидам многу осамена, ако не се омажам додека наполнам 40 години. Но, всушност многу е забавно и јас сум таа која ги одредува правилата.
Можам да се концентрирам на кариерата, да излегувам со различни мажи и да правам што сакам со моите пари. Не се омажив бидејќи не го најдов вистинскиот маж, наместо на бракот, работев на други сфери од мојот живот и денес сум сосема среќна за тоа – Мирјана, 43
2. Немам за што да зборувам со пријателките
Главната причина заради која понекогаш ми е жал што не се омажив е разговорот со пријателките. Сите мои блиски пријателки се мажени и веќе имаат деца. Кога зборувам со нив, често не знам што да кажам кога се зборува за теми како деца и мажи. – Ирма, 46
3. Не верувам дека ќе најдам некој со кого ќе бидам до крајот на животот
Верувам дека ако не ја најдете вистинската личност за себе додека наполните 40 години, нема да ја најдете никогаш. Се откажав од потрагата по партнер и тоа за мене веќе не е приоритет.
Мислам дека е невозможно да најдам личност за која ќе сметам дека е доволно добра за да го поминам животот со неа. Затоа одлучив остатокот од животот да го поминам со домашните миленици и членовите на семејството – Паулина, 43
4. Со годините доаѓа и мудроста и денес знам што сакам
Луѓето не зборуваат многу за тоа, но излегувањата на романтични состаноци во четириесеттите години, се нешто сосема поразлично од тие во помладите години. Всушност, сега знам што ми се допаѓа и не губам време на прашања за тоа дали тој е вистинскиот или не.
Ако после шест месеци има повеќе негативни од позитивни случки, едноставно ја прекинувам врската. Со годините доаѓа и мудроста, а таа мудрост помага да не губам време на погрешни личности. – Наташа, 40
5. Во четириесеттите има помалку слободни мажи
Не е исто да барате партнер на 30 и на 40 години. На 40 години, тоа веќе станува многу посложено, бидејќи бројот на слободни мажи е многу помал. Освен тоа, мажите се незрели и избираат помлади жени, а многу поретко свои врснички. – Бранка, 43
6. Жалам што не се омажив, бидејќи сакам деца
Причината заради која најмногу жалам што сум сама е тоа што веројатно нема да имам деца. Тие беа најголемата причина заради која сакав да се омажам. Жалам што не замрзнав јајце клетки кога имав триесет години, во случај да најдам некој, па да не мораме многу да се трудиме на тоа поле. – Сандра, 40
М. С. | Црнобело