Како да сакаш жена која не верува лесно?
Жената која не верува лесно се однесува исто со сите, без оглед дали се работи за нов познаник или долгогодишно пријателство. Ако процени дека одреден однос може да се развие во нешто поубаво, таа внимателно ќе го открива тоа, дел по дел.
Таа ќе го забележи секој детаљ на тебе, начинот на кој ги третираш странците и ќе продолжи да го анализира вашиот однос дури и откако ќе го изградите.
Таа ќе ти открива само дел од себе. Дел од смеењето ќе биде со резерва. Дел од чудните навики секогаш ќе ги сокрие во себе. Дури и ако се работи за среќата која и го предизвикува детското скокање по скалите. Тоа ќе го откриеш многу подоцна од очекуваното.
Таа е жена која има низа слоеви кои ги редела на себе, како би се заштитила по сите падови кои ги доживеала и очекува да ги доживее. Заради нив се претворила во прекрасна школка, исфрлајќи ја својата мека внатрешност.
Таа ќе ти дозволи да и се доближиш, но не премногу. Таа копнее по денот кога ќе може да се опушти во твоите раце, но и најмалиот сомнеж ја тера да се повлече.
Понекогаш ќе ја преплават такви мисли до мерка што нема да знае како да се извлече од нив и само мирно ќе се повлече во некое ќоше.
Жената која не верува лесно знае дека има многу недостатоци и посакува, повеќе од било што друго, овој свет да не ја скршел така како што успеал. Жали за времето кога била исполнета со надеж.
Знај дека жената која сега тешко верува, не била отсекогаш таква. Еднаш била баш како тебе, способна безусловно да сака.
Да сакаш жена која не им верува лесно на мажите ќе мора често да ја уверуваш, но и разубедуваш. Внимавај зборовите да не останат празни. Поддржи ги со дела.
Охрабри ја. Вложи во заедничкото време. Не ја потсетувај во минатото.
И на крај, биди трпелив.
Жената која не им верува на луѓето сè уште ја има барем желбата.
Таа е жена од која можеш да извлечеш сè или ништо. Сега ти потруди се да биде првото.
М. Д. | Црнобело