Згрешив што му дозволив да се заљуби во мене?

Ние луѓето сме сами по себе доста сложени, врските кои секојдневно ги градиме и испреплетеноста на тие познанства само допринесуваат за таа сложеност. Секојдевно сè повеќе и повеќе го креираме тој лавиринт кој има само еден излез, нашата цел.

dali-bese-pogresno-da-imas-nesto-so-bivsata-simpatija-na-tvojata-drugarka-01

Ако во сето тоа што го кажав погоре, додадете две или три другарки, симпатии, љубов и ја примените теоремата дека ние луѓето сме многу комплицирани, настанува еден општ хаос.

Го знаев две години. Секогаш ме погледнуваше под око и знаев дека му треперат рацете кога ќе поминам крај него. Секогаш изгледаше збунето, но никогаш не мислев дека тоа е заради мене.

Всушност мојата најдобра другарка беше заљубена во него, но не сакаше да го изгуби како пријател и никогаш не рече ништо.

Јас молчев, иако имав скриени чувства, кои не дозволував да испливаат, почитувајќи ја законитоста на другарството.

Молчев можеби две години, сè додека мојата другарка  не ми рече дека таа веќе не е заинтересирана.

Ги променила своите погледи, ги променила своите ставови, решила дека тој не е нејзин тип и таа не може да се замисли со него.

Почувствував огромно олеснување, но не реков ништо, бидејќи знаев дека ако признаам, ќе го расипам она што го негувавме со години.

Можеби беше кукавички, можеби не беше фер од моја страна, но јас премолчев.

Од тој ден, почнав да возвраќам на неговите насмевки, сфатив дека биле наменети за мене, ми сраснуваше за срцето, но нешто однатре ме кочеше, ми велеше дека едноставно  тоа е погрешно.

Немав сила да ѝ кажам неа, не можев да му кажам него, бев растргната помеѓу два света, заборавајќи да се прашам што е она што мене ми лежи во срцето, комплицирајќи ја таа мрежа.

Додека  славевме за завршената колоквиумска, тој ми се приближи, нежно ја постави раката на мојата глава и ме бакна пред сите.

Таа гледаше, сите гледаа, јас не сфатив што се случи, но не го запрев, продолжив, бидејќи во тој момент срцето ми велеше дека тоа е вистинското нешто, она што мене ме исполнува.

Дали јас бев грешник, што само дозволив да никне нова љубов онаму каде што не никна помеѓу нив двајцата?

Дали требаше да бидам искрена кон неа или едноставно требаше да не правам ништо што ја инволвира бившата симпатија на мојата другарка?

Дали е забрането да бидеш со човекот кој ти се допаѓа, само заради тоа што некогаш тој бил нешто во замислите на твојата другарка?

Дали после тоа јас заслужував таа да не ми прозбори или тоа едноставно беа работи кои можеа да се надминат, работи за  кои може да се зборува или поважна беше суетата на една личност на сметка на среќата на другите две личности?

Дали јас погрешив?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg