„Забранети“ теми: За што не сакаат да зборуваат мажите?

Жените се емоционални суштества кои многу повеќе сакаат да ги откриваат своите мисли и чувства и да разговараат за истите.

Zabraneti-temi-na-razgovor-za-mazite-01

Мажите пак од друга страна сметаат дека покажувањето на нивните чувства ги прави ранливи и слаби па токму затоа многу повеќе ги чуваат во себе.

Разговорите кои жените би сакале да ги слушнат од нивните партнери на теми како брак, семејство или поранешните партнерки се нешто кое на мажите им создава огромна напнатост.

За нив тие нешта доаѓаат сами по себе и не е потребно да се планираат однапред и постојано.

Токму затоа ова се темите за кои тие многу тешко се согласуваат да разговараат.

Поранешните партнери

Мажите не го сакаат овој разговор бидејќи од една страна мораат да слушаат за тоа со колку партнери сте биле претходно, какви биле тие и зошто ве разочарале. Од  друга страна знаат дека после ќе следува прашањето и за нивните минати врски и се плашат дека по разговорот ќе бидете љубоморни на поранешните девојки.

Дефинирање на врската

Сериозниот разговор за тоа во кој стадиум се наоѓа вашата врска и колку е таа сериозна е едноставно нешто кое вашиот партнер го наведува да мисли дека вие на некој начин се обидувате да ја ограничите неговата слобода и да го врзете за себе.

Заедничко живеење

Мажите доста внимаваат кога станува збор за ваквиот вид на разговор затоа што доколку одговорот е негативен, знаат дека ќе бидат сфатени како недоволно сериозни во однос на врската и дека големи се шансите дури и да дојде до прекин на истата, иако тие не го сакаат тоа.

Брак

За еден маж тоа би значело засекогаш да се откаже од други жени, вашето семејство да биде и негово, да се помири со тоа дека ќе почне да старее, да има деца. Сето ова е доволно да сфатите зошто мажите секогаш ја избегнуваат оваа тема.

Деца

Децата значително го менуваат начинот на живот што за еден маж значи дека нема веќе толку слободно време за одмор, дружење и излегување со пријателите... Доаѓањето на детето значи куп нови обврски кои ќе мора да се поделат меѓу вас двајца, а мажите штом слушнат за зборот нови обврски едноставно реферираат да не зборуваат за тоа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg