Дали ќе знаев што е среќа ако ти ми кажеше „да” тој ден?

Понекогаш некои работи во животот не можеме да ги запреме, едноставно се случуваат без објаснување и додека да се извлечеш од шокот, отишле во неповрат. Така е со животот, со луѓето, со љубовта, сѐ има свој почеток кој сите го обожаваме, но за жал сѐ има свој крај, кој го презираме.

dali-ke-znaev-sto-e-sreka-ako-ti-mi-kazese-da-toj-den-1.jpg

Седев во дневната соба, просторијата беше загреана до точка на потење, сигурно сум претерал со редење дрва во каминот. Пламенот заедно со скапиот лустер кој висеше во мојата дневна правеа една пријатна есенска атмосфера фрлајќи светлина на масата на која имаше шише виски.

Имав испечено костени и ги гризев лакомо еден по еден, се нишав на дрвената столица која специјално ја донесов од странство за да можам да креирам една филмска сцена во мојот дом.

Се свртев накај ѕидот и го видов часовникот, стрелките како да тежнеа да се фатат една со друга, како да играа една бесконечна бркотница која не сака да запре. Со таа нивна игра минуваа годините, сè што се случуваше беше токму последица на таа нивна палава бркотницa, на белата табла на која беа сместени бројките.

Ветив дека ќе те чекам, ако се сеќаваш, некаде 10 години пред овој ден.

Ти седеше на фотелјата спроти мене, се смешкаше на моите анегдоти и уживавме во црвеното вино, со бело сирење.

Беше есен, истиот ден како денес само тогаш сè уште бевме млади. Те прашав дали ќе сакаш така насмеана засекогаш да бидеш крај мене, во добро и во зло, во богатство и беда, ти само се насмеа и рече уште е рано. „Треба да ме чекаш, јас не сум подготвена на тој чекор” - стана и си замина оставајќи ме.

После тоа се изгубивме, јас често во прегратките на друга барав утеха за тоа твое „не“ кое ми го скрши срцето, а ти како една од најзгодните често знаеше да вечераш со други момци. Но, беше комплицирана сама по себе, не знаеше што сакаш од себе, ниту од твоите партнери. Затоа можеби беше најдобро што избираше да бидеш сама, за да не ги повредиш другите.

Секогаш кога ќе го видам овој датум и овој ден, стариот часовник кој немилосрдно чука, ме убива една мисла во главата.

Што ќе се случеше ако работите тргнеа по друг тек?

Знаеш ние луѓето секогаш сме такви не нè боли она што било, туку не боли помислата за она што би можело да биде, ако работите тргнеа по друг правец.

Дали сега ќе бев оженет со убаво семејство, со убава сопруга и дечиња кои ечат низ куќата, дали ќе знаев што е вистинска љубов, а не само секс за една ноќ?

Дали ќе имаше кој да ме покрие, ако заспијам во дневната и да ме разбуди наутро повикувајќи ме на појадок? Дали ќе сонував нешто различно од кошмари, ако ние бевме заедно?

Дали ќе знаев што е среќа ако ти ми кажеше „да” тој ден?

За сѐ е доцна, нашиот круг одамна го истрчаа стрелките, веќе ни ти не си згодната девојка, ниту јас фраерот од маалото со големо его.

Доцна е за животот полн со љубов, залудно е да се лажам дека некогаш ќе ги имам истите чувства за некоја друга, сè би било фарса, затоа решив да останам сам.

За да не ме изгори ниту една друга како што успеа ти и за да не мора да бидам вечен лажго колнејќи се дека некоја сакам најмногу, а не можам. Не знам дали повеќе те мразам од што те сакам или повеќе те сакам од што те мразам, а ме болиш со секој изминат ден.

Костените не одат со виски, но мора да наздравам за тоа залудно чекање и за денот кога те запознав, за тоа што ми покажа колку може да биде сурова љубовта.

За самците како мене, за еден живот без љубов... На здравје мила моја!

Стрелките наскоро ќе го извртат новиот круг, ќе дојде нов ден и ќе исчезне болката, тоа секогаш се случува, тоа е нивната магија, а јас и ти сè уште ќе бидеме оние кои никогаш не биле.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg