Душо, јас немам намера да бидам инспекторка во нашата врска

Беше четврток навечер, лежев на креветот, така уморно од напорниот ден, коските ме болеа и мислев дека ќе настинам, секогаш кога се чувствував така претепано знаев дека нешто не е во ред со мене. Мојот дечко замина во тоалетот на кратко, а неговиот телефон кој го заборави на масата вибрираше непрестајно, јас го погледнав неколку пати, не престануваше, но јас не му обрнав внимание.

duso-jas-nemam-namera-da-bidam-inspektorka-vo-nasata-vrska-001.jpg

Откако дојде го зеде во рацете, напиша неколку кратки пораки и излезе да се јави, јас менував незаинтересирано канали на телевизорот, немаше ништо забавно да се гледа. Само глупави серии, глупави квизови, можеби моето расположение беше глупаво, којзнае.

Тој се врати и имаше зајадлив поглед, како да сакаше да ме чепне за нешто, да си поигра со зборови, но можеби мојата состојба го загрижуваше, се плашеше да не си го добие.

„Зарем не те интересира зошто телефонот вибрираше и кому пишував пораки, зарем не си малку љубоморна на таквите ситници?” рече разочарано додека ме гледаше во очите.

„Слушни ме злато, јас не можам да изигравам шериф околу тебе. Мене не ми треба твојот пасворд од твојот Фејcбук профил, не сакам да знам на чии слики ставаш срциња на Инстаграм ниту пак кој ти пишува и зошто ти пишува.

Не сакам да ми раскажуваат со кого излегуваш и не сакам ти да ми се правдаш кога одиш да пиеш кафе со другарки. Јас не сум со тебе за да си играм, јас не сакам ова да биде нешто од денес за утре. Јас сум тука за да останам, бидејќи те сакам.

Немам намера да ти превртувам по твоите пораки и да ги листам твоите телефонски листи со надеж да најдам нешто сомнително. Нема да душкам по твоите кошули за да откријам непознат парфем и нема да те демнам во ноќта кога мислиш дека ме нема, нема ниту да ти пуштам другарки да те следат кога јас ќе бидам отсутна.

Тоа не се вика недостаток на љубомора или незаинтересираност, туку верба. Јас ти верувам и затоа немам намера да бидам инспектор кој ќе ги преиспитува твоите постапки или ќе ги чита твоите пораки. Ако има некоја која се вртка околу тебе или ако ти се врткаш околу некоја верувај ми јас ќе дознаам, дури и без да сакам, ништо не останало скриено.

Покасно или порано ќе ја имам таа информација во рацете, а единствен кој ќе остане со подзината уста тогаш ќе бидеш ти. Затоа имај на ум дека јас не мора да бидам федерално биро за истраги. Те сакам и верувам во нас. Тоа ми е доволно, а ти слободно пробај изневери го тоа, тогаш нема да посегнам по твојот телефон, туку ќе добиеш таков удар во меѓуножјето што ќе посакаш да не си го пикал носот каде што не треба.

Твојата најголема казна ќе биде тоа што ќе бидеш без мене, бидејќи и сам знаеш нема никоја да те сака онака како што те сакам јас.“

Тој ме гледа збунето, а јас се смеам со таква опсесивна насмевка, бидјеќи научив дека кога на луѓето им ги забрануваш нештата тие полесно паѓаат во искушение. Никогаш не му реков да не се сврти по друга, никогаш не му избришав пријателка од Фејсбук, никогаш не го прашав која ти е оваа до тебе.

Тоа беше не бидејќи не сакав да знам, туку бидејќи му верував и фала му на Бога, досега таа моја тактика не ме изневерила. Тој знае што има и знае што може да изгуби, тоа е единственото нешто што е потребно за да ме држи мене далеку од тие опсесивни проверки, а него далеку од сите тие искушенија за авантури со други жени.

Сметам дека опсесивноста не би помогнала, туку напротив би одмогнала, затоа немав намера да се занимавам со професија која не ми прилега и ја отфрлив идејата да бидам инспекторка во нашата врска.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg