7 невербални знаци кои покажуваат дека му се допаѓате
За да сфатите дали му се допаѓате на еден маж, не секогаш е потребно тој да ви го каже истото со зборови.
Најчесто невербалните знаци кои тој ги покажува секогаш кога е во вашата близина, покажуваат многу повеќе од зборовите.
Доколку тој ги прави следните работи кога е покрај вас, бидете сигурни дека му се допаѓате:
1. Ја мести или бушави косата
Ваквата постапка е всушност заедничка и за мажите и жените. На овој начин и едните и другите ја зголемуваме самодовербата пред личноста која ни се допаѓа.
2. Ги става рацете во пределот околу половината
Ако тој ги става рацете во џебовите, или го допира ременот, сигурно е дека му се допаѓате. Истото важи и доколку седи со широко отворени нозе.
3. Се обидува да биде што позабележителен
Кај животните тоа е изразено така што тие ги перчат своите пера обидувајќи се да изгледаат што поголемо. Овој знак е инстинкт кој машкиот род го носи во себе уште од самиот почеток на цивилизацијата.
4. Отворена позиција
Кога комуницираме со група луѓе, секогаш имаме најотворен став кон личноста која ни се допаѓа. Исто така, интересен е фактот дека луѓето несвесно ги насочуваат нивните стапала кон личноста која им се доаѓа.
5. Станува елоквентен дури и за најобичните разговори
Сакајќи што повеќе да биде забележан, тој е во состојба да одржи цел говор за пицата која ја јадел.
6. Го копира вашиот став
Копирање на вашиот став е најчесто несвесно и покажува дека тој се обидува да ве разбере и да најде нешто заедничко со вас.
7. Фацијалната експресија го издава повеќе од што сака
Ако му се допаѓате, неговото лице секогаш ќе има отворен и пријателски изглед, а многу често можете да забележите и како неговите образи се вцрвуваат.
М. С. | Црнобело