„Зошто да ја земам, ако не може да роди“ - Што се случи со браковите заради љубов, а не заради размножување?

Приказните за договорени бракови веројатно сте ги слушале од вашите баби, дедовци и прабаби и ви звучат неверојатно, чудно и смешно од денешна перспектива.

Sto-se-sluci-so-brakovite-skluceni-poradi-ljubov-01.jpg

Денес го имаме луксузот да избереме партнер каков што посакуваме, некој по своја волја.

Браковите порано ги договарал некој друг, денеска вие го договарате сами со себе.

Во смисла, имате критериуми и очекувања кои партнерот треба да ги исполни, и на кантар го премерувате неговото потекло, образование, интелектот, смислата за хумор, изгледот... а во последно време, за жал, и можноста репродуктивно да се размножува.

„Нема да ја земам додека не остане бремена! Што ќе ми е таква, ако не може да роди“, изјави еден дечко, со таква некоја особена надменост и гордост од која ни се згади. Воедно, почувствувавме олеснување што неговата девојка од 5-годишната врска не беше во близина да ја слушне таа исклучително простачка и деградирачка изјава.

Кога подобро ќе размислам, на најголем дел од свадбите на кои сме биле, невестата веќе била бремена. Не дека има нешто лошо во врска со тоа.

Но, што доколку не била бремена? Дали тоа значи дека дечкото никогаш немало да ја побара и немало да направат свадба?

Да имаш дете е навистина скапоцено искуство. Да основаш семејство е исклучително важно и убаво. Но, дали и по цена да ја жртвуваш вистинската љубов?

Зарем љубовта не е „и во добро и во зло“? Зарем не може да се најде решение и да се надминат проблемите со зачнување доколку има љубов и разбирање? Зарем некој свесно одбира партнер кој не му одговара, со кој ќе остане целиот живот, само затоа што има доволно јајце-клетки или добри сперматозоиди?

Што се случи со браковите склучени првенствено поради љубов?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg