Зошто е добро да бидете покрај жена која е сигурна во себе?

Основата на самодовербата и сексипилот е всушност прифаќањето на себеси какви што сте и љубовта кон квалитетите кои ги поседувате.

zosto-e-dobro-da-bidete-pokraj-zena-koja-e-sigurna-vo-sebe-01.jpg

Секој од нас има некоја жена на која ѝ се восхитува, бидејќи секогаш зрачи и сјае. Но, она што никој не го знае е како тоа ѝ успева?

Наш совет е да се прифатите такви какви што сте и да се чувствувате пријатно во сопствената кожа, бидејќи токму така се чувствува една самоуверена жена од којашто можете многу да научите.

Ова се 10-те причини поради кои е добро да бидете покрај самоуверена жена:

1. Таа облекува што сака

Никој не може да ѝ каже на самоуверената жена што да облече, бидејќи на тоа, таа само ќе се насмее. Таа облекува што сака и кога сака, го носи тоа што на неа ѝ се допаѓа и не и е важно туѓото мислење. Нејзиното мото е: „Ако не ви се допаѓам, зошто тогаш гледате во мене?“

2. Нејзиното „не“ е одлучно

Ова е за неа многу едноставно: самоуверена жена не се обврзува и не дава лажни ветувања. Ако нешто не ѝ се допаѓа или ако забележи дека нешто не може да направи, таа кажува „не“.

Самоуверената жена знае дека не може да постигне сѐ одеднаш и дека тоа ќе ја донесе до намалување на нејзината енергија, па затоа таа се сака себеси и обврските си ги поставува како што на неа ѝ одговара.

3. Таа слуша

Иако самоуверената жена верува во сопствената проценка, таа знае да го ислуша и туѓото мислење. Можеби нема да и се допадне тоа што ќе го слушне, но тоа е начин да покаже почит. Таа или ќе ги поклопи туѓите со нејзините идеи, или со почит ќе го одбие предлогот, откако внимателно ќе го ислуша.

4. Таа ги признава своите неуспеси

Самоуверената жена не само што ги признава своите недостатоци, туку и ги поздравува. Таа знае кои се нејзините силни страни, каде може да се подобри, а кога ќе види дека не ѝ оди знае да дозволи некој друг да го преземе водството. Самоуверената жена се сака поради тоа што е, но и поради тоа што не е.

5. Отворена е кон љубовта

Без разлика на минатите искуства, таа никогаш не ја одбива љубовта. Самоуверената жена не се врти кон минатото, бидејќи знае колку вреди и знае дека ќе најде прекрасна личност и совршена романса, затоа што од секоја мината врска го извлекла најдоброто. Таа знае дека е доволно цврста да преживее и да издржи одбивање.

6. Таа бара помош

Ова е многу важно. Таа знае дека не може да направи сѐ сама. Самоуверената жена не се чувствува загрозено или омаловажено доколку побара помош од некого. Таа разбира дека е корисно и паметно да разговара со другите за своите проблеми.

7. Не се обидува да се вклопи

Самоуверената жена има свои гледања на работите и не се обидува да се вклопи во средината. Ако нешто е популарно меѓу другите, не значи дека мора да биде и за неа. Таа има цели, планови, визии за својот живот, но се разбира дека секогаш е во тек со настаните.

8. Таа ги поседува своите чувства

Борбата знае да биде тешка, но без разлика на околностите, самоуверената жена настојува да ги разбира и прифаќа своите чувства. Таа знае дека е бескорисно да ја крие лутината, тагата, љубомората или билокое друго чувство, бидејќи така си прави лошо на себе. Самоуверената жена ги користи можностите да се изрази, без да ги обвини другите.

9. Таа се ослободува од вината

Вината би требало да биде привремена емоција. Вината го тера човекот да ги разбере своите дела, да ја поправи грешката и да се извини. И, тоа е тоа. Самоуверената жена знае дека подолго носење на вината во себе нема да донесе ништо добро, освен тешкотија. А, вината може и лесно да ја уништи довербата и љубовта кон себе.

10. Таа им е поддршка на другите

Самоуверената жена ужива во достигнувањата на нејзините пријатели и семејство. Пофалби, бодрење, совети и честититки – таа ќе направи сѐ за да им помогне на оние кои ги сака. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg