20 знаци дека се гледате со модерен џентлмен
Не сме сигурни дали денес џентлеменството е изумрено или е на раб од изумирање, но би сакале да веруваме дека сѐ уште постојат џентлмени кои ќе ви ја поттргнат столицата да седнете, ќе ви отворат врата, ќе ве испратат до дома...
Како да знаете дека се гледате со токму таков џентлмен?
1. Откако ќе се видите, ви пишува порака за да провери дека сте стигнале дома безбедно.
2. Ги снима емисиите кои знае дека не ги поднесувате за да може да ги гледа подоцна кога ќе си заминете и за да не пропушти време поминато со вас.
3. Ако неговиот телефон заѕвони или вибрира додека сте излезени, тој не го ни погледнува, бидејќи е фокусиран на вас.
4. Тој одделува место во неговиот плакар за да не треба да ја влечкате целата облека секој пат кога престојувате кај него.
5. Секогаш кога се возите, тој вклучува клима за вас, иако нему му е ладно.
6. Не се расправа кога го замолувате да стави кондом.
7. Не ве прашува само дали сакате да правите нешто, туку точно ве поканува на состанок.
8. Го брише својот Tinder профил истата секунда кога ќе сфати дека сака да биде со вас.
9. Секој ден ви испраќа пораки за добро утро за да се разбудите со нешто убаво.
10. Ве остава да изберете музика додека се возите во автомобилот.
11. Тој орално ве задоволува исто колку што и вие тоа го правите (а, можеби и повеќе).
12. Ви ја чува чантата секогаш кога ќе отидете во тоалет.
13. Ве остава да го користите неговиот полнач, макар што неговата батерија се празни многу побрзо од вашата.
14. Се нуди да плати за вашиот оброк, но не инсистира откако ќе кажете дека се чувствувате поудобно ако ја поделите сметката.
15. Кога двајцата ќе сретнете некоја девојка што тој ја знае, тој ви кажува која е таа и како се запознале за целиот ден да не го поминете грижејќи се дали тие биле во врска или не.
16. Ве остава да ги присвоите неговите перници и ќебето, бидејќи сака да ви биде удобно додека спиете.
17. Ви прави појадок откако ќе ја поминете ноќта заедно наместо да ви даде пари за такси и да ве испрати дома.
18. Кога не сте расположени за секс, тој нуди да правите нешто друго и забавно, наместо да ве тера да се премислите.
19. Ве остава да ги позајмувате неговите маици и боксерки кога се жалите дека вашиот фустан е неудобен.
20. Се нуди да ја подели неговата храна со вас, иако тврдите дека не сте гладни.
С. С. | Црнобело